Детето во мене

“Дали знаеш дека е вредно секое благо на светот за да се биде млад во срцето. И колку да си богат многу е подобро да си млад во срцето “ Волт Дизниfb_img_1534424990635

Дали е можно да бидеш млад со духот дури и тогаш кога си веќе голем и сериозен човек? Дали забавата која ни е достапна преку современите медиуми може да го разгали тој дух? Или сепак е потребно нешто повеќе?

И да е така, што ни треба? Да тргнеме по ред.

Што воопшто значи да се биде млад со духот? Обично кога ќе помислиме на некој за кој сметаме дека е со млад дух, во нашата фантазија замислуваме човек кој задоволно се смее, кој знае да се забавува, која ужива во друштво, личност која е можеби малку необична, но ведра и има многу животна енергија која ја шири околу себе.

 Да бидеме искрени, нема многу луѓе кои се млади со духот а да се во посериозни години. А сите би сакале да бидеме одвнатре млади, затоа што младите со духот делуваат така витално. А тоа значи да има живот во нив. Личноста која зрачи со внатрешна виталност, делува како да е се’ добро и успешно, се носи со секојдневните проблеми, како да знае да се забавува и тоа успешно да го пренесува и на другите луѓе.

Најверојатно живоста е заразна. Значи, за да можеме да бидеме млади во духот треба да знаеме повремено добро да се забавуваме. Како тоа да го направиме, покрај толку обврски? Во овој свет каде сите негде брзаат, вечна борба, нашата најчеста забава е ТВ. Но тоа сигурно нема да не’ одржи млади во духот. Програмите што ни ги нудат се дизајнирани на инстант ниво, во согласност со брзото темпо на живот и потрошувачкиот менталитет, што повеќе информации, помалку обработка. Се вели spiritus movens, духот кој движи.

 Значи, за да се оживее внатрешниот дух, тој мора да се движи, да биде активен

Во тоа е парадоксот на нашата современа забава, пасивноста уморува, иако ние мислиме поинаку. Ерих Форм во својата книга “Емоционална интелегенција“ зборува за уметноста на концентрација во време кога сме затрупани со информации, како постигнување на нашата психа, со кое сосем површно се занимаваме. fb_img_1534680317625

Да се посвети внимение на некоја работа значи да се даде цело ваше внимание, да се ужива во тоа, да се дозволи духот да биде обземен од она што се работи. Да се посветиш има ист корен со светиш ( светител). Тоа значи она на што се посветуваме, за нас е свето, она за што сме обземени и што не исполнува. Ако често се ловиме како површно се зафаќаме со некоја работа, површно се забавуваме, ќе се најдеме во ситуација која може да се опише како “премногу од се’ е никогаш доста“ (стих од песна- Pet Shop Boys – To much of anything is never enough).

Стануваме слични на “дупка без дно“, ништо не може да не’ исполни.

Тоа е затоа што ништо всушност не може да не’ исполни ако ние во тоа не учествуваме. Нашето делување мора да стане свето.

За да го постигнеме тоа, доволно е она што во тој момент го работиме, да биде единствен извор на преокупација. Ова изгледа лесно, но ако вистински се концентрираме на само една работа во текот на денот, ќе видиме дека е тешко изводливо иако вака изгледа ОК на прв поглед.

Затоа што немаме развиена концентрација. Работиме обично повеќе работи истовремено, читаме, слушаме музика, разговараме по телефон, пишуваме порака…

Оваа мултипрактик варијанта во некои ситуации е корисна, но во други ни помага да се собереме и фокусираме на она што е важно. Затоа, малку источна вештина на концентрација и фокус, односно, задлабочување во суштина на работите не е на одмет. 

На тој начин можеме навистина да ги запознаеме работите околу нас и да го развиваме духот.

За Ерих Фром, концентрацијата е еден од предусловите за развој на зрелата личност. Многу психолози денес советуваат како да останеме во овој момент, како да бидеме присутни овде и сега, како да го почувствуваме овај единствен животен момент кој во својата неповторливост и исполнетост нема да се појави. Затоа, да се развие ова вештина на концентрација и посветеност злато вреди.

Ако ги набљудуваме децата кога се играат, можеме, без посебен напор, да забележиме дека се тие многу активни : сложуваат коцки, цртаат , прашуваат , испитуваат, истражуваат. Многу се ангажирани.

Исто е и со нашиот дух или со нашето внатрешно дете. И тоа бара да биде активен учесник, создавател. За да го негуваме, треба да го дисциплинираме и креативно да го ангажираме. Тоа може да биде некое наше новооткриено хоби читање, цртање, танц, дури и некоја обична прошетка во природа може да биде инспиративна.

Не мора тоа да го работиме добро, важно е да го пронајдеме духот во нешто што работиме со радост и што не’ исполнува.

Заклучокот е дека ако чувствуваме радост во она што го работиме, она што не’ исполнува со тоа го подмладуваме духот. Важно е целосно да се посветиме на она што го работиме и одредено време во текот на денот или неделата активно да се ангажираме. Внимателно да постапуваме со својот дух и да не дозволиме било какви други содржини да не’ окупираат.fb_img_1534680387897

Во спротивно се одалечуваме од својата виталност, бидејќи во нас лежи многу моќен извор на движечка сила. Пасивноста на долги патеки, заморува, духот смртно се досадува.

Тоа е прва важна особина на духот, spiritus movens, духот кој се движи, значи активност и ангажирање. Или духот ќе биде изгњавен.

Ако се сетиме на бајката за храбриот кројач и мачорот во чизми, ќе видиме дека ако тие двајцата не размислувале на нов начин, ќе останеле сиромашен кројач и еден обичен мачор, а ние ќе останевме без две поучни приказни.

Луѓето со млад дух секогаш пробуваат нови работи. Наоѓаат нови начини на размислување. Тие се како нови обувки. Ако имаме само еден пар, ќе се искинат брзо.
Затоа треба да излеземе некогаш од добро утврдени, конвенционални оквири на размислување во кои се чувствуваме удобно и да освоиме нови територии. Платон рекол дека поголемиот дел од луѓето живеат како во сон. Се наоѓаат и живеат во пештера, загледани во зидовите од пештерата на кои има сенки, мислејќи дека е тоа живот, додека вистинскиот живот се одвива надвор и многу е возбудлив, но поголемиот дел од луѓето не знае дека постои, бидејќи не се осудуваат да излезат од пештерата.
Вистинскиот живот ќе ги заслепи со сјајот. Така е тоа во нашите умови. Некогаш е потребно да ги согледаме работите од друга перспектива. Можеме да дојдеме до изненадувачки добри и неочекувани решенија за излез од пештерата. Можеме да вежбаме, во расправа да ги застапуваме на пример ставовите сосем спротивни од нашите, тоа е добра вежба за учење на флексибилноста и обогатување на духот со различни искуства, можеме да вежбаме емпатија, да замислуваме како се чувствува некој во одредена ситуациаја , да одиме со туѓи обувки, да научиме некоја вештина или просто да дозволиме да се запознаеме со различни гледишта и поинакви луѓе.

 Животот е рубикова коцка, потребно е да се согледаат повеќе страни за да се дојде до добри решенија.

Всушност, втората важна особина на луѓето со млад дух е да гледаат на светот како на земјата на чудата на една Алиса.

Третата работа која ќе го подмлади нашиот дух е учењето како да се справувиме со болката. Постојано тагување и плачење, депресија, треба да ги отфламе за да го будиме својот млад дух.

Ги прифаќаме работите без да поминуваме фази и фази на тагата. И се всушност поминуваме низ бурите со ведар дух, дури и со одредена доза на хумор. Посебно е чудно денес, во овај свет каде сите се жалат на нешто, одредени работи кои премногу не’ болат да ги прикажуваме на овај начин. Затоа хуморот е показател на нашата способност за духовно исцелување .

Познатиот психотерапевт Robin Skiner смета дека неговите клиенти се излечни кога конечно се во состојба да се насмејат во врска со проблемите за кои дошле. Смеата лечи. Не мораме секогаш хуморот и сериозноста да ги држиме во одвоени фиоки. Битно е, смеењето да биде добронамерно и од срце.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: