Кога имаш се’, не гледаш ништо. Почнуваш да гледаш кога немаш ништо

 Духовната пракса е камен на сопнување, дури и кај најинтелегентите луѓе, кои читаат или слушаат нешто за духовноста.

Причината е таа, што повеќето интелектуалци се заплеткуваат во зборовите на теориската расправа за светите писанија. Но, најважно е тие писанија, да ги искусиме и примениме во животот.

Еве зошто: Eднаш сиротиот бродар преку реката, го превезуваше еден многу учен човек. Добар дел од патот, тие двајцата го поминаа во разговор. Учениот човек набројуваше неколку свети писанија и го праша бродарот дали ги прочитал.

Кога бродарот му одговори дека не ги прочитал, човекот рече: ‘Си го потрошил животот за ништо’. Како што поминувало времето, чамецот се полнел со вода и почнал да тоне. Кога сфатил што се случува, бродарот го прашал учениот човек: ‘Господине, знаете да пливате?’.

На тоа човекот одговорил : ‘Сум прочитал неколку книги за пливање и имам информации за тоа, но, не знам да пливам’.

На тоа бродарот одговорил: ‘Тогаш, сте го потрошиле животот за ништо. Чамецот само што не потонал’.

На учениот човек теоретското знаење воопшто не му помогнало. Тоа значи, за да можеме успешно да го поминеме океанот на световниот живот, да ја доживееме вистинската среќа, потребна е редовна духовна пракса, а не само собирање на интелектуална поени..

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: