Како зрачиш така привлекуваш- Престанете да ја барате онаа вистинска личност- Бидете таа личност

И сите други нека ве бараат вас.

Бидете секогаш тука и сега и потполно опуштени. Единственото време во кое можете нешто да создадете е сегашноста. Луѓето прават грешка и креираат следни случувања така што се фокусираат на иднината.

Тоа само ја турка целта многу по далеку. Значи, првата работа која мора да ја знаете е дека постојано треба да бидете фокусирани на сега –

Правилно поставете ја целта – Нема чекање

Престанете да се фокусирате на “еднаш кога ке се создадат услови”. Ова може да се стави на прво место. Ако не се случи ништо за недела – две, не смеете да се разочарувате. Привлекувањето веќе се случува но вие го туркате од себе чекајќи да се оствари!

Што повеќе очекувате желбата да се оствари, тоа повеќе се убедувате себе си дека тоа го немате. Така го држите “јас тоа го немам” реалност, таа мисла ви е во главата, а тоа на што давате енергија – расте, бидејќи нашата подсвест само работи на задачите, кое нашето свесно му ги задало, некогаш и без јасна намера.

Затоа се вели – пазете што мислите, може и да ви се оствари. Значи, грешка е да ја држите “јас немам” мислата во главата и не дозволувајте да ви расипе сѐ. Само пуштете да се случи.

Заборавете на тоа КАКО и КОГА ке се случи. Ќе се оствари кога вие навистина ќе му дозволите. Но, првиот предуслов е АКЦИЈА -и тоа ВЕДНАШ!

Немојте само да седите дома и да чекате она што сакате, да ви звони на вратата.

Допуштете си да примате. 

Секој кој не успеал во законот на привлекување, не знаел да прими она што барал. Никој нема никогаш да дојде онака како што сме замислувале и посакувале, туку на свој начин бидејќи силата е многу по креативна од нашиот ум.

Мора да имате отворен ум за да ги приметите малите сигнали и да ги препознаете шанситe, за да ги искористите. Не можете само да седите и чекате. Некој или нешто мора да биде канал, низ кој желбата ќе се оствари.

Луѓето заедно ја создаваат реалноста во која живеат. Ако во нашата околина преовладуваат негативци, тогаш големи се шансите и вие да бидете негативни. Ослободете се од негативните луѓе, бидејќи тука владее законот на посилниот и чувајте се.

 Ако можете да ги совладите со разбирање и убава енергија, тогаш убаво, ќе бидете јаки и успешни во законот за привлекување.

Медитирајте. Медитацијата ќе ви помогне работите да ви станат по јасни. Медитацијата е наједноставна метода на “кротење” на умот. Само медитирајте. Секој ден. Како ви одговара – и повеќе пати дневно, ако можете. Она што е битно, одберете мирно и тивко место.

 Смирете го своето тело и ум. Не размислувајте. Опуштете се. Поврзете се со дишењето, природата и духовното.

Тоа е извор на многу добри чувства. Иако е добро а за некои техничко и есенцијално, да имате учител кој ќе ве поведе по тој пат, дури и наједноставните методи на медитација ќе ви помогнат.

Бидете упорни и истрајни. Подобро секој ден да се медитира по 15 мин одколку еднаш по неколку дена по еден час.

За да ја совладате медитацијата информирајте се на часови по јога.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: