Ако сакате среќен живот, размислете каде ја трошите енергијата

Во книгата “Како повторно да оздравиш” од авторите; ; , понудени се совети за тоа како можеме да си помогнеме во оздравувањето покрај лековите, со промена на начинот на размислување и однесување..

 Од книгата издвојуваме 5 совети:

 1.Соработувајте за свое оздравување. За да можеме позитивно да делуваме во процесот на оздравување, важно е да се утврди кои ни се мислите, ставовите и начините на однесување кога сме биле здрави, а што доминира откога сме се разболиле.

При тоа посебно се важни информациите за мислите и чувствата од времето кога се појавиле првите знаци на болеста. Болеста веројатно почнува во моментот кога механизмот на управување со стресот престанува да функционира, обично кога се појавува напнатост, проблеми и тешкотии во животот. Секој од нас има некое слично искуство. 

Колку пати сме имале настинка бидејки сме се почуствувале- “дека ни е доста од сè” и немаме повеке сила да се спротиставиме на болеста. Ги занемаруваме ли психичките и физичките потреби- одмор, мир, движење, изразување на чувства- телото брзо ја достигнува границата и реагира со болест.

2. Утврдете како ги тумачите настаните во вашиот живот. Некои луѓе често ги набљудуваат животните ситуации позитивно, а други негативно. Ако партнерот нè напушти можеме тоа да го протумачиме како:

а) личен пораз или промашување 

 б) како предизвик

 в) како можност за нов почеток 

 г) како доказ за неправда во животот.

 Иако таков настан може да биде болен, големината на стресот, резигнацијата и беспомошност зависи исклучиво од значењето кое ние му го даваме на доживувањето.

Ако го протумачиме како пораз или животна неправда, ќе се ограничат можностите на реагирање во иднината. Дури ако побараме алтернативни објаснувања, можеме да откриеме и позитивни аспекти на ситуацијата во која порано сме гледале само негативно. Со таков позитивен став повторно ќе се јави нашата животна енергија која ги јакне нашите одбрамбени механизми. Напредок нема ако не сме уверени во можноста за решавање на проблемот и моќтта за донесување одлука која придонесува за нашето оздравување.

3. Сфатете дека сте придонесле за појавата на својата болест.

 а) Размислувате за некоја болест од која боледувате или порано сте биле болни

 б) Земете еден лист хартија и напишете пет значајни промени или стресни ситуации кои ви се случиле во време од 6 месеци пред појавата на болеста.

 в) Ако сте биле болни па сте оздравиле па повторно сте болни (рецидив) напишете пет стресни фактори или значајни промени кои се случиле во периодот од шест месеци пред рецидивот.

 Не можете да се сетите на надворешните стресови, тогаш размислувајте за внатрешните. Некои луѓе страдаат поради криза на идентитетот, тешкото прилагодување на некоја личност или фактот дека се изневерени младешките идеали.

 Потоа одговорете на прашањето во која мера сами сте учествувале во својот стрес. Можеби многу сте се грижеле за другите луѓе, сте заборавиле на своите физички и емоционални потреби и сте ја преминале границита кои вашето тело не може да ги издржи? Дали можевте поинаку да реагирате? Дали сте побарале или прифатиле помош од пријател или сте го одбиле?

 4.Одговорни сте за своето здравје.

Некои луѓе кои ќе откријат дека и самите си придонеле за појавата на болеста често се чувствуваат виновни, што е неосновано. Треба да знаеме да разликуваме дали сме за нешто виновни или незнаејќи сме учествувале во нешто.

Кога ќе станеме свесни дека и самите сме одговорни за своето здравје, мораме да го смениме размислувањето, чувствата и да не се чуствуваме виновни.

5. Откријте ја предноста на својата болест. Повеќето од вас ќе мислат колку е ова апсурдно, но болеста за многу луѓе е начин да се задоволат некои важни потреби. Иако болеста со себе носи многу проблеми, болниот човек може да се однесува онака како што не би си дозволил ако е здрав. 

Кога сме болни добиваме повеќе љубов и внимание, не мора да работиме, се намалуваат барањата на другите луѓе кон нас, ја намалува нашата одговорност. Конечно, не мораме да се грижиме за ништо друго освен за себе. 

 6. Научете да се опуштите и визуализирајте оздравување. 

Првиот чекор кон оздравување е приметувањето на кој начин нашите ставови и чувства учествуваат во појавата на болеста. Следниот чекор е наоѓање начин како можеме да влијаеме на реакциите на нашето тело и така да помогнеме во лечењето. Несвесната комуникација помеѓу умот и телото се одвива и кога сме здрави и кога сме болни. Потребно е во секојдневието да се внеси опуштање и визуилизација за оздравување, односно мораме да се концентрираме на излекување наместо на проблемот..

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: