Креирај ми љубов


 Сѐ што постои на оваа планета е манифестација на идеите кои постојат во Божјиот ум.

Ако некој ви каже: „Креирај ми љубов“- во физички облик, на кој начин тоа ќе го направите?

На нашата планета постојат многу облици на љубов. Љубов меѓу маж и жена, меѓу мајка и дете. Љубов кон животните. Љубов кон родниот крај. Љубов кон работата која ве исполнува. Сѐ е љубов.

Како што уметникот создава свои уметнички дела низ слики, музика и пишани дела, Бог ги создава своите дела низ креирање созвездија, планети, звезди, луѓе и сѐ друго околу нас и во нас самите. 

Оваа планета е всушност уметничко дело на Бог.

Креира со основните фреквенции. Tие се манифестираат на различни начини, на пр. манифестација на фреквенција низ палета од бои, низ скала на тонови, низ геометриски форми. Секоја боја, тон и фигура си имаат своја фреквенција.

Со нивна комбинација, се формираат комплексни форми, одредени аспекти кои имаат специфична енергија. Фреквенциите и аспектите што нашиот создател ги користи се совпаѓаат со бојата што ја користи сликарот. Тој ги комбинира, меша, создавајќи различни облици.

Луѓето се исто така креација која се создала со мешање на различни аспекти. Како што ниедна слика на сликарот не е иста така и луѓето се различни и уникатни. Секоја единка преставува единствен склоп на различни аспекти. Аспектите во луѓето најлесно се препознаваат низ особините. Секој од нас е единствена мешавина на различни аспекти –особини.

Аспект на родител, на пример, во себе носи различни улоги кои човек може да ги избере и доживее.Тоа се манифестира низ улогата на мајка и татко, грижа за семејството, грижа за животните, разбирање и поддршка кои му ја даваме на оние кои учат. Секако има и други улоги во кои можеме да се најдеме и низ кои учиме за нашите аспекти. Со секое ново искуство, доаѓаме во контакт со нови неоткриени аспекти во нас. 

Во принцип секој од нас може да ги осознае сите можни аспекти кои Бог ги употребил при креирањето.

Ние ги осознаваме нив со духовната зрелост, со искуството кое ги вклучува и различни искуства. Кога ќе ја осознаеме состојбата на свеста, разбираме дека сите сме еднакви, тогаш стануваме свесни за сите аспекти во Божјиот ум –во нас самите.

Духовно напредните луѓе имаат повеќе изразени аспекти, бидејќи се во процесот на враќање кон изворот на повеќе начини.

Во денешно време, луѓето имаат многу различни интереси и често чувствуваат дека немаат доволно време да се посветат на сѐ што ги интересира. Ова е само фаза низ која поминуваме, се ослободуваме од илузијата за времето.

Времето само ни овозможува со секој посебен аспект во нас, да се интересираме, да го истражуваме и да го искусиме на начин кој сме го избрале. Ние не сме создадени да работиме само една одредена работа цел живот.

 

Постои една универзална сила која не движи, а тоа е големата желаба за себеосознавање. Порано или подоцна во секој се буди таа искра.

Промената е неизбежна. Она што нѐ убива е статичност и непроменливост.Тоа создава досада. Досадата создава незадоволство. Тоа пак создава потреба за било каква промена, што предизвикува агресија. Човекот тогаш има потреба за конфликт, со цел да предизвика нова промена.

Заклучокот е дека секоја промена всушност е потреба за внатрешен мир, Бог е креатор но и ученик. Преку нас тој учи за себе, откривајќи нови комбинации на аспекти и креира покомплексни креации.

Набљудувајте ги вашите аспекти, но не како дефиниција за вас, туку како мало парче од универзалната слика која никогаш не е конечна. Таа постојано расте и се развива. Бидете креатор на таа слика. Вие тоа и сте!

 

 Извор: ATMA

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: