Срцевата чакра е четврта по ред и се наоѓа во средината на градниот кош, на местото каде што се наоѓа срцето. По редоследот на седумте чакри во нашето тело, таа се наоѓа на средина.
Ги составува долните три чакри и горните три чакри. Преку долните чакри сме поврзани со земјата, а преку горните со космичката енергија и нефизичкото. Срцевата чакра е трансформатор, бидејќи ја трансформира енергијата на земјата и физичките реалности, во фини вибрации и информации кон нашите горни чакри и нашето постоење. Исто така се случува и обратен процес.
Енергијата од свемирот влегува низ нашата крунска чакра и патува надолу, кон пониските чакри. Во срцевата чакра таа се трансформира и оди во долните чакри, за да се манифестира во физичката реалност.
Срцевата чакра исто така ја соединува машката и женската енергија кои се потребни за креирање.
Секој од нас е креатор во вистинска смисла на зборот. Без оглед на полот, секој во себе има машка и женска енергија со која можеме да креираме. Во таа смисла и со потполна одговорност можете да креирате.
Кога срцевата чакра е сосем функционална, нејзината енергија се шири и на другите чакри и ги лечи, а со тоа се случува процес на исцелување на целото тело.
Низ срцевата чакра примаме енергија од околината, од која добиваме информација за тоа дали е нешто во хармонија со свемирот или не. Кога постои хармонија, чувството во срцевата чакра е прекрасно, чувствуваме бескрајна радост и имаме желба вечно да останиме во таа состојба. Чувствуваме љубов која со радост сакаме да ја пренесеме на другиот, чувствуваме дека сме живи и исполнети.
Хаос или не- хармонија предизвикуваат болка. Срцето страда. Срцето е нашиот главен показател дали е нешто вистински креирано. Низ срцевата чакра ја чувствуваме универзалната љубов и врската со целиот свемир, но исто така ја чувствуваме и болката на другиот и сочувствуваме со другиот.
Низ врмето не сме знаеле како да се носиме со неподносливата болка и нашите срца се затвориле. Креираме Не- хармонија и му нанесуваме болка на другиот, бидејки тој може да ја сочувствува нашата болка.
Сме ги затвориле нашите срца за да се заштитиме од болка, но престанавме да ја чувствувуваме и универзалната љубов, заборавивме и станавме бесчувствителни.
Така почнавме повеќе да го користиме логичкиот ум, со тоа и егото. Низ егото оживува стравот, омразата, бесот, страста, желбата, но и чувството на заљубеност која во незнаење сме ја помешале со вистинската, космичка и универзална љубов. Ова е ланчана реакција на која и се ближи крајот после милион години, бидејќи доаѓа времето за повторно отворање на срцевата чакра.
Кога таа ќе се отвори, прво ќе доживееме бескрајна радост и одушевување, чувство на слобода и љубов кон сите и кон се’ што не’ опкружува.
Јачината на ова чувство варира од човек до човек а зависи од тоа колку се луѓето подготвени да го победат стравот од тоа дека со срцето повторно може да се почувствува и болката на другиот.
Енергијата која течи низ срцевата чакра, повторно го активира процесот на трансформирање на енергијата од горните чакри во долните, како и процесот на соединување на машката и женската енергија.
Така ги добиваме нашите одамна заборавени способности, а тоа е да ја креираме нашата реалност. Овој пат, конечно ќе знаеме како тоа да го направиме. Огромното искуство кое го имаме, ни овозможува да го совладаме стравот од болка и повторно да го придвижиме процесот на љубов.
Во нашиот свет уште постои хаосна состојба, така да во почетните фази на отворање на срцевата чакра ќе ја искусиме болката на другиот, до таа мера, до чувство на физичка болка во градите.
Оваа болка може да предизвика делумно затворање на срцевата чакра, но тоа е само процес на прилагодување и усогласување со хармонијата која ќе ја преплави целата планета. Што повеќе луѓе ќе бидат со отворено срце, ќе шират љубов и ќе им помогнат и другите да го победат стравот и повторно да ги отворат своите срца.
Универзалната љубов соединува..
“Извор”
Leave a Reply