Биоенергијата е универзална животна енергија, која сите живи суштества ја примаат во своето материјално тело со самото постоење. Таа е сеприсутна енергија која е клуч на животот и преставува агенс на создавањето.
Биоенергијата како таква е предмет на проучување на многу луѓе од почетокот на човештвото и преставува една од најголемите нејзини енигми.
Постои ли специфична биолишка и органска форма на енергија?
Луѓето низ историјата се обидувале да одговорат на тоа прашање од различни перспективи: научна, филозофска, религиска, медицинска- пристапуваа емпириски, хипотетски, аналитички, филозофски , но до ден денешен не постои заеднички, универзален одговор. Различните перспективи се условени од културолошка одредница која ги создава.
Највпечатлива е разликата меѓу западниот и источниот пристап. Од една страна, источната култура е многу повеќе фокусирана на духовност и трансцедентност, додека од друга страна, западната култура се потпира на науката и експерименталниот пристап на човекот како живо суштество, затоа и методиките даваат различни резултати.
Две најголеми религии, таоизам и хиндуизам , во своите начела поставуваат универзална, животна енергија во фунција на двигател на животот. Во хиндуизмот таа енергија се вика prana, а во таоизмот chi, и двете преставуваат сеприсутна, суптилна, невидлива, динамична енергија.
Западната култура, биоенергијата ја користи како опис на енергетско поле кое се наоѓа околу живите суштества, а модерната физика тоа го нарекува аура. Освен спознајното значење, биоенергијата преставува поим кој се врзува за човечкото здравје, психичкото и физичкото.
Кинеската и индиската медицина, векови наназад, работат врз основа на енергетски меридијани кои протекуваат низ човечкото тело и низ која патува биолошка енергија, како и енергетските центри низ кој биоенергијата се дисртрибуира и минува.
Западната медицина е прилично скептична па прашањето на биоенергијата и биоенергетски полиња, иако во поново време се промовираат терапеутски методи на акупресура и акупунктура како и дијагностички методи, пример мерење на биоенергетскиот потенцијал.
Без prana, физичкото тело преставува безживотна материја. Prana ја обликува материјата во различни ткива и органи, а тоа го прави преку различни канали ( nadi ).
Prana создава отвори и канали во главата, мозокот, устата, вокалните органи, уринарно-гениталниот дел, дигестивниот систем, и се проширува преку каналите во внатрешните органи( црн дроб, панкреас, срце), до нозете, создавајќи вени и артерии, како и мускули, коски и нерви.
Дишењето заедно со создавањето на материјата, е главна форма на активностите на prana, што е важна одредница за практицирање и разбирање на јогата, создаден ,оживеан и задвижен дел од prana. Таа ја регулира сензорната импресија, менталната дигестија и менталната циркулација и ги елиминира токсичните материи и негативните емоции, го стимулира минувањето на менталната енергија, силата и ентузијазамот.
Leave a Reply