Не плаши се..

Не плаши се…Нема да ти се случи ништо што не можеш да издржиш. Кога телото не може повеќе да издржи болка, човекот се онесвестува; кога душата страда, последниот стадиум на болка е ослободување. Темната ноќ на душата, миг е во која светлината се зачнува. Трпение.

Само тоа ти е потребно. И доверба; дека сѐ е добро и најдоброто само што не дошло.

Тоа што сега те тера да помислиш- ‘Е баш не е добро, оф, колку многу не е добро’ е тоа што те сопнува. Натерај се да веруваш во добро.

Така стануваш имун на она што добро не е. Знаеш дека зло постои, но од тоа не се разболуваш. Ти си ја одбра страната.

Не плаши се ..и стравовите можат да се остварат ама и соништата подеднакво.. 

 Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: