Ajur-veda што е тоа?

Ajur-veda е најстар систем за заштита на здравјето кој денес се користи низ цел свет.

Во Индија ajur-veda е темел на заштита на здравјето која денес се користи и низ цел свет. Во Индија ajur-veda и денес има предност над класичната медицина и се изучува во државните училишта и на универзитетите. Светската здравствена организација на својот конгрес во 1977 год, званично ја призна ajur-vedа и ја препорача нејзината примена и секако нејзината популаризација.

Сите познати методи или алтернативни медицини имаат свое потекло од ajur-vedа. 

Современата ajur-vedа се заснова на два класични текста: Čarak Samhiti i Sušrut Samhitiâ чија старост се проценува на 4000-5000 години.

Ajur-vedа има осум делови, седум обработени од Čarak Samhiti

 • Salakya – лечење на болестите на главата и вратот

 • Visagara – лечење на состојби предизвикани со отрови

 • Bhuta – vidya – лечење на психички болести

 • Kaumara bhrtya – третман на деца

 • Rasayana – примена на еликсир за одржување на младоста

  • Vajikarana – примена на афродизијак

 • Kayacikitsa- интерна медицина

 Во Индија ajur-veda освен овие делови има и Salyapaharatrika, односно хирургија , детално опишана во Sušrut samhiti. Сите овие осум делови се занимаваат со превенција, лечење и опоравување после болест во своите области.

Самото име Ajur-veda значи “наука за животот.“ Čaraka ја дефинира Ajur-veda на следниов начин: Ajur-veda е наука која ги опишува поволните и неповолните, како и среќните и несреќните состојби на животот, заедно со тоа, што е добро и лошо за животот, мерки за нивно достигнување како и животот сам по себе.

 Ajur-veda е дел од ВЕДА.

 Современите научници сметаат дека Веда се индиски пишани текстови со филозофски и ритуални обреди, но вистинтата е сосем поинаква.

Веда е вечен, нероден, неуништлив опис и исказ на законите на природата кои создаваат, одржуваат и менуваат цел универзум и се’ во него. Ведските химни, кои се запишани во ведската литература се наречени според некои мудреци (ришии), не зато што тие ги измислиле или составиле, туку тие ги виделе со своето внатрешно око и го запишале или запомниле. Тие химни опишуваат одредени делови на природните закони и преставуваат директен пат за постигнување посакуван резултат во било кое поле. 

Со природата управуваат природните закони. То е слично со информатичките системи-притиснете едно копче и одреден збир на команди почнува да се извршува. Притиснете некое друго и сосем поинаков збир на команди се извршуваат.

Според тоа постојат и збир на природни закони кои се одговорни за раѓање и умирање, раст и пропаѓање, здравје и болест, богаство и сиромаштво, хармонија и промена.

Целата ведска литература опишува како да ги користиме одредени делови на законите на природата.

Постојат 4 основни веди -– rig veda, sama veda, jadjur veda и atharva veda. . Rig veda e samhita –целина на тотално знаење, а другите три се нејзина детална анализа. Секоја од овие четири веди имаат свои помошни веди.( upa vedа). Ajur-veda e upa-veda на rig vedа. Upa-veda е практичниот дел од ведата. Rig- veda ја опишува целината на животот од апсолутна гледна точка.

Ajur-veda ја опишува тоталноста на животот од релативна точка на животот.

 Ajur-veda постоела отсекогаш и секогаш ќе постои. Таа е неродена , бесмртна, вечна и секогаш современа.

Тоа е истовремено и најстаро и најмодерно знаење за секоја епоха. Ajur-veda без грешка ги препознава моделите на делување на природата на нај суптилен начин и му дава можност на секој да се прилагоди на промените во функционирањето на природата. Тие промени, не се однесуваат само на дел од денот, сезона или година, туку и многу поголеми временски делови кои се мерат со стотици илјади години( во veda- juga).

Благодарение на тоа, знаењето на Ajur-veda е секогаш современо и секогаш е во тек со времето. Древните мудреци знаеле дека човекот е минијатурна реплика на универзумот-микрокосмосот.

СЕ’ што постои во универзумот, постои и во човекот. 

Долговечност, интелегенција, здравје и способноста на луѓето на промени во текот не епохите во зависност од кои делови на природните закони преовладуваат во која епоха.

Како се менува универзумот, така се менува и човекот- минијатурен универзум.

Ajur-veda е доверлив и без грешка водич низ безбројните промени во сите времиња- минатото, сегашноста и иднината.

Ова најдобро го објаснил Čaraka samhite: “Како што топлината е блиска со огнот, така и Ajur-veda е блиска на животот“.

Според Ajur-veda, постојат три физиолошки принципи кои се непроменливи а се викаат dosha, кои регулираат различни функции во духот и телото на човекот. На санскрит, тие се vata, pitta и kapha. Со самото раѓање секој добива некои вредности од сите три dosha, но вистинската пропорција е различна од човек до човек.

Оваа пропорција го одредува психофизичкиот тип кај човекот. Vata- dosha преставува елемент на зрак и етер. Зборот vata доаѓа од санскритскиот збор va што значи движење. Движењето е главната карактеристика на vata. Нивниот карактер е нешто кое стимулира. И ги придвижува и другите dosha- kaphu и pittu .

Vata e најсилната dosha, бидејќи претставува животна сила или енергија. Но, vata може да биде и причинител на многу болести и пореметувања (дури 80%).

Vata со оглед дека е лесна и покретна има задача да ги одржува и храни станиците на телото и одговорна е за секое негово движење. Кога има пореметување на vata dosha, луѓето стануваат многу мрзливи, нерасположени, не сакаат да комуницираат, нервозни се. 

Се јавуваат психички пореметувања како стрес, депресија, потиштеност.

Мислат дека за се’ се виновни или брзо го наоѓаат кривецот, се жалат на несоница, страв и грижа. Им недостасува храброст и самодоверба, слабо памтење. Кожата им е сува и испукана, имаат слаб метболизам, ишијас, проширени вени.

Pitta dosha е биоенергетски регулатор во нашето тело кој го регулира нашиот дигестивен систем, апсорција, асимилација, прехрана, метаболизам и телесната температура. Кога е во рамнотежа, pitta dosha промовира разбирање и интелегенција.

Тaa се наоѓа во цревата, желудецот, црниот дроб, жолчниот меур, слезината, мозокот, очите и кожата.

Pitta dosha има многу квалитети на оганот- врела е, продорна, оштра.

 Луѓето кај кои доминира оваа dosha имаат топли тела, продорни идеи и оштра интелегенција, но кога ќе има дисбаланс се јавува немир и нервоза.

Kapha dosha е комбинација на вода и земја. Сe’ што создава и дозволува стабилност, масивност, тежина и цврстина има карактер на Kapha. Таа се одликува со сила, јака отпорност на ткивата и јака телесна градба.

Kapha, подмачкува и влажни затоа и создава правилно функционирање на органите, зглобовите, кожата и ги зацелува раните. Многу се пријатни, љубезни ама ако ги навредите знаат и да се налутат. Сакаат пополека и пријатно. Проучуваат книги, сакаат научни трудови.

Kapha dosha кога е во дисбаланс луѓето претеруваат во храната и така мислат дека се смируваат. Не се движат доволно. Понекогаш се чувствуваат бескорисни и стари. Тогаш знаат да бидат завидливи и посесивни

извор: Atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: