Тоа е многу едноставно. Само набљудувајте го својот ум неколку дена и забележете на што оди најголемиот дел од вашата енергија:
На завист? желба за моќ? Его?
Гледајќи каде оди најголемиот дел од вашата енергија, вие ќе ја откриете својата главна карактеристика, а таа е ваш непријател број 1; а вие секогаш сте мислеле дека тоа е ваш пријател бр.1
Некој може да најде алчност, некој може да најде бес, некој може да најде потисната сексуалност, некој може да најде комплекс на инфериорност или комплекс на супериорност – не е важно што е тоа. Кога тоа ќе го откриете веќе сте на пола пат до победата. И само вие можете тоа да го пронајдете.
Едноставно тоа запишувајте го во својот дневник во текот на седум дена со напомена дека секој ден треба да напишете што ве окупирало најголениот дел од времето, за тоа што најмногу време сте размислувале, каде вашата енергија лесно се движела. Набљудувајки во период од седум дена што сте запишале, можете да ја најдете својата главна особина..а ова откритие е пола победа. Кога го знаете непријателот, добивате огромна сила.
Вториот дел е многу едноставен: сега тоа освестете го. Кога непријателот напаѓа, не реагирајте. Кога доаѓа, само бидете спокојни. Само набљудувајте, како нешто да се движи на екранот, а вие немате никаква врска со тоа. Ако можете да бидете одвоени, тоа да не влијае на вас, одеднаш ќе биде ослободена голема количина на енергија која ја поседувал вашиот непријател, која вие секој ден сте ја пуштале него – неа. Вие сте го заливале, сте се грижеле за него.
Ако некој ви укажувал на тоа, вас тоа ве лутело; сте го штителе на секој можен начин. Сте ги давале сите можни објаснувања. Сега едноставно набљудувајте. Цела енергија едноставно се ослободува. Целото ваше битие ќе биде ново. Потоа продолжете да го барате вашиот следен непријател се додека не завршите со сите. Оној ден кога со сите непријатели ќе завршиме, ќе почувствувате грациозност, убавина и голема енергија која цвета во илјада цветови.
Leave a Reply