Ако животот те притиснал и не те пушта…

Решението е во тебе. Можеби е малку по длабоко закопано отколку што се надеваш, но, сигурно е тука. Се вика вера. Вера во себе, вера во љубов и потпората на твојата сила. Верата во позитивен исход.

Се вика уште и оптимизам, ентузијазам, љубов кон животот, благодарност за она што си и сѐ што имаш, и сѐ што треба да се случи и да се добие.

Животот не е мачење. Животот не е огромен проблем составен од помали проблеми, кои се обидуваме да ги решиме, за конечно да го најдеме својот мир, својата среќа и до крајот на животот да бидеме среќни.

Животот е училиште, искуство, напредок, развој. Ако проблемите ги гледаш како непријатели, тогаш тие никогаш нема да бидат нешто позитивно и конструктивно. Но, ако ги набљудуваш како предизвици, како лекции, како ново сознание, тогаш тие се претвораат во сојузници, не изгледаат така застрашувачки силно.

Животот носи на подарок разни искуства. Некои ни се допаѓаат а некои едвај ги поднесуваме. Оние помалку атрактивните се тука да не’ научат “како не треба”, а оние кои ќе ги пречекаме со насмевка на лицето, се тука само да ни покажат кои сме, што не’ привлекува, кој е нашиот пат, нашата цел, нашата задача.

Од проблемите и маките не се бега, од нив не може да се побегне. Тоа никој не успеал. Има неколку опции.

 Проблемот може детално да се анализира и да се запрашаме, зошто се појавил и зошто токму нaс, а потоа полека трпеливо да бараме решение. Постои уште една тактика, која ретко кој ја користи. По анализата и пронаоѓањето на смислата на проблемот, може да се препуштиме на вишата сила на решавање. Виша сила е онаа која нѐ создаде нас и сѐ околу неа. Без оглед дали е интелегентна или самосвесна, во секој случај, е создавачка и многу моќна.

Јас често помислувам ако е доволно силна да ги креира сите планети, галаксии и свемири тогаш мојот проблем е детска игра. Никогаш не сум згрешилa кога сум замолилa да ми помогне. Напротив, најчесто се случува проблемот да се реши во најкраток рок, на најдобар можен начин.

Најголемото олеснување во животот  го чувствувам, кога после многу мозгање кревам раце и велам :- “Jас ова не можам, ајде Ти и благодарам, од душа!

И тогаш во потполност се смирувам и чекам. Трпеливо чекам, длабоко верувајќи дека решението стигнува. Не морам повеќе ништо да направам. Само да останам позитивна и веќе да се радувам. Ако животот те притиснал, онака баш добро и не пушта, тоа само значи дека нешто не гледаш што треба да видиш, нешто во себе, нешто многу важно.

Тоа значи дека одиш по погрешен пат. Премногу во тебе лутина, омраза, неразбирање, нетолеранција, неверување.

Тоа значи дека си се одалечил од сѐ добро, природно, вредно за внимание. Животот дава шамари, без пардон, кога луѓето игнорираат. Ако ги слушаш и гледаш со осуда, оговарање, кукање, плукање, толку ќе те стисне и лесно можеш да се удавиш. За да не’ излечи Бог  ни пушта други луѓе, книги, суптилни пораки, непријатни околности, па дури и страдања. Ќе те стави во ќоше, кога-тогаш и ќе те натера да се предадеш и да се потприш на него.

Дали е паметно де се чека токму тој момент?

Не е наше, да пронаоѓаме мани во животот. А уште помалку на луѓето. Ниту на околностите. Наше е да се грижиме за себе, најдобро што можеме.

Да се истражуваме себе си , да се унапредиме, менуваме. Наше е случувањата да ги прифатиме како корисни искуства. За сѐ постои причина. Сѐ има цел. Ништо не е случајно. Наше е да мислиме многу за да разбереме што животот сака од нас. Ако ја пронајдеш таа тенка нит во себе, директно со Бог, aко се пронајдеш себе си, можеш да бидеш среќен и потполно мирен, кој и да си.

Слушни ги тие тивки суптилни пораки. Ако сакаш нешто да смениш до тебе е и во тебе – и како и зошто, да знаеш. Сѐ е во тебе.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: