Гушкајте го повреденото дете во себе

Секој во нас го има повреденото дете на кое му е потребна грижа и љубов. Но, ние бегаме од тоа внатрешно дете бидејќи се плашиме од страдање.

Со сочуствително слушање на другите, мораме да го слушаме повреденото дете во себе. На тоа малечко дете му е потребна нашата внимателност. Одделете време и вратете се и нежно гушнете го детето.

 Можете да му се обратите со јазикот на љубовта.

Мило, во минатото те оставив сам. Отидов од тебе и долго ме немаше. Сега се вратив за да се погрижам за тебе, за да те гушнам.

Знам дека многу страдаш и дека те заборавив. Но, научив како да се грижам за тебе. Сега сум тука. 

Можеме да плачеме со тоа дете. Кога ќе го седнеме, можеме да поминеме време седејќи и дишејќи со него. “Додека вдишувам, се враќам кон повреденото дете”. Кога ќе излеземе на прошетка ,, можеме да го земеме малото дете за рака. Со своето дете треба да разговараме неколку пати дневно за да се излекуваме. Тоа дете долго било оставено само па поради тоа мораме веднаш да започнеме со таа пракса.8868d-img_188636084596142

 Секојдневно враќајте се на своето внатрешно дете и слушајте го пет, десет минути и ќе постигнете исцелување. Нашето повредено дете не сме само ние.

Тоа можат да бидат неколку генерации пред нас. Нашите родители и предците можеби цел живот страдале и незнаејќи како да го бранат повреденото дете во себе па ги пренеле на нас.

Затоа додека го гушкаме повреденото дете во нас, ги гушкаме сите повредени деца од минатите генерации. Таа пракса не ни користи само нас туку ги ослободува и неброено генерации на предци и потомци. Оваа пракса може да го прекине тој циклус.

 

Thich Nhat Hanh

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: