Писателката Елизабет Гилберт, која најмногу ја познаваме по романот “Јади, моли, сакај” на својот блог објасни како таа го гледа патот до успехот.
Едно утро во 1993 г, тргнав во канцеларијата на познатиот магазин во New York со желба да работам како новинар. Немав договорен состанок, немав искуство, немав ниту еден објавен текст со свое име.
Но, знаев едно- никој никогаш нема да тропне на мојата врата и да каже:“Слушнавме дека овде живее една талентирана писателка и сакаме да и помогнеме во кариерата”.
Знаев дека јас сум таа која треба да тропне на туѓа врата!! Тоа и го направив.
И погодете што? Не ми успеа. ( Секако дека не, светот така не функционира).
Но, сеедно тој момент го сметам за едно од најважните во мојот живот, бидејќи беше така посебен! Кога се вратив тој ден дома, бев скршена, но барем знаев дека сум храбра. И дека не морам да трпам болка поради сознанието дека не пробав.
На жените им е тешко да знаат што сакаат бидејќи се воспитани да им служат на другите. Пред 800 години, персискиот мудрец Руми напиша:”Мораш да бараш она што вистински го сакаш.”
Тој на тоа гледал како на должност и јас мислам дека бил во право- не затоа што нашите желби ќе бидат автоматски остварени (нема), туку по самиот чин на изговарање.
“Ова сум јас и од тие причини сакам то и то”- во нас се буди моќна сила.
Кога ги артикулираме своите желби, шириме порака дека сме сериозни во донесување на одлука во животот. Тоа е тешко! Посебно за жени. Пред се’, морате да знаете што сакате а тоа може да биде проблем ако сте воспитани да им служите на другите.
Второ, морате да верувате дека сте вредни за тоа што сакате. Повторно проблем за жени истренирани да не се почитуваат доволно.
Трето, морате да се подготвите за можноста на одбивање.Тоа е најлошо. Жените не сакаат да бидат одбивани па често поставуваме прашања како адвокати, оние на кои веќе им го знаеме одговорот.
Во превод тоа значи: без ризик. А тоа понатаму значи: без награда.
Само прашувајте, барајте. Одбивањето сепак не е толку страшна работа. Мислам дека мажите тоа одсекогаш го разбираа- за нив вистински неуспех може да биде подобар од внимателна победа. Затоа мажите прашуваат се’ и сешто, бараат работи кои не ги заслужуваат или не се за нив.
Не го зборувам ова како навреда за мажите туку сакам што повеќе жени да го направат истото! Бидејќи некогаш некој ќе ви одговори ” Да” и дури ако не сте подготвени на тоа, ќе успеете. Магично е тоа.
Не можам да ви дадам упаство како точно да барате тоа што сакате. Понекогаш морате да бидете благи и шармантни а понекогаш дрски и храбри. Но, општо зборувајќи, тоа е едноставна формула:
Само прашувајте, барајте! Само така ќе добиете она што сакате.
Elizabeth Gilbert за The Oprah Magazine
Leave a Reply