Како ја пронајдов смислата

Смислата на нашиот живот е да бидиш среќен – Dalai Lama 

 Едно од најчестите прашања кои им се поставуваат на децата е: Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Нивниот одговор е најчесто: Полицаец, ватрогасец, стјуардеса, фудбалер…Што има лошо во тоа? Ништо.Така се мотивира детето да ја пронајде својата позиција во општеството и да биде корисно на овој свет. Кога тоа исто дете ќе порасне со меланхолија се сеќава на сопствените зборови.

 Во некои години кога животот добро ќе не однесе низ невремиња и проблеми, ќе се јават тие стари желби кои ни се потиснати длабоко во нашиот несвесен дел.

Незадоволни со состојбата во која се наоѓаме кога немаме доволно пари, љубов, среќа и самодоверба а имаме премногу невољи, неразбирање и лоша карма, почнуваме да прекопуваме по старите заборавени желби кои се вечен избор на инспирација. 

 …Секогаш сакаме да научиме нешто корисно. Преку интернет и со помош на пријателите развиваме сопствен self help прирачник кој ќе нѐ турка напред и кон горе. Во таа тетратка пишува дека се’ можеме само ако посакаме, никој не смее да застане на патот на нашата среќа, дека сѐ мораме да жртвуваме за да оствариме длабоко закопани желби.

Тој силен глас ни зборува дека треба да застанеме на врвот од ридот и гласно да викаме: ‘Јас сум среќен’.

Како и во секоја приказна така и овде постои една квака. Кога секој од нас би ја следел својата желба која го поттикнува, порано или подоцна, општеството би било полно со незадоволни и мрзоволни луѓе.fb_img_1534425480349

 Како некој што работи она што сака може да биде незадоволен? Постои еден цитат кој го изговори Буда: “Секое страдање е предизвикано од желба.” Проблемот со желбите е што тие често се менуваат. Во еден момент сакаме да бидеме полицаец а во следниот лекар. Еден ден сакаме да одиме лево а утре десно. Кога би тргнале да ја оствариме секоја наша желба (што технички е невозможно) би создале конфузија во сопствената глава. И како последица на тоа ние би станале незадоволни и мрзливи. И на крајот несреќни. Постојат некои други показатели кои можат да ни донесат трајна среќа. Да се најде смислата на животот не е исто што и да се следи желбата. Желбите се производ на умот и телото, додека смислата извира од душата. Секој од нас има желба да ужива но проблемот на материјалното.

by Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: