Што се случува кога ќе се сретнат сродните души?

Некогаш одамна, пред самото раѓање, го одбра токму него.

Со него се ноќите кратки за сѐ она што сакате еден на друг да си кажете. Неговата душа те милува без да те допре. Верува во тебе и те тера да поверуваш во себе тогаш кога во себе верба немаш. Вели дека си му битна. Нему, светот не битен. 

Ќе го познаеш по душата која трепери и сјајот во очите кои заискруваат кога ќе се појави. По гушкањето толку цврсто како да му се лизгаш низ прстите.

Од првата средба, во овој живот, светот нема да биде црн-бел. Туку ќе се разлеат цел спектар на тонови, секој со нова, поубава насмевка. Нов збор. Нов здив. Ќе ти биде како зрак без кој не можеш. Ако недостасува, ќе се навикнеш. Болно. На пола дишејќи.

Нема смисла да се создава живот без него, оној што го одбра еднаш одамна пред да се родиш.

Без него ќе бидеш слична како кула од карти која со еден здив може да се сруши. Или само со едно негово гушкање. Со насмевка. Тивка како изгрејсонце.

Тој е оној со кој ти е доволно само да бидеш. И не морате ама баш ништо. Предодредени сте за вечност и љубов која ви го мати умот. Во кое ништо смислено не се вклопува. А поголем смисол од тоа нема.

Поради него, умот изгледа како најголем мачител. А срцето создава најубави ноти. И расте надвор од границите на појмливото.

Душата трепери исто како првиот пат кога се сретнавте и допревте. Дури десет…дваесет години подоцна. Исто, баш секогаш. Ќе го познаш по љубов. Бидејќи растеш кога ти приоѓа. И прави да се чувствуваш сакано дури и кога тоа не го покажува. Дури не е ни свесен за тоа.

Вредна си за љубов. Оние кои поради неа градат тврдини. Летаат преку планина. Љубов која прави светот да биде убаво место за дишење во двајца. Не се согласувај за помалку од тоа. Ни поради времето кое немилосрдно тече. 


Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: