Eckhart Tolle – Крај на страдањата

Да се предадете значи да го прифатите овај момент таков каков што е. Но, нема да можете да се предадете додека не ви биде доста од страдање, додека не страдате доволно.

И на некое ниво вие препознавате дека воглавно тоа страдање не се создаде само. Се создава од отпор на она што сте, се создава од наша интерпретација на нешто што е, доаѓа од мисли, значи од интерпретација а не од ситуација.fb_img_1534425394331

Тогаш сфаќате дека доволно сте страдале и само кога многу сте страдале во животот, вие сте во можност да кажете дека повеќе не ви треба.

 Страдањето е добар учител, всушност единствен човеков спиритуален учител, страдањето ве продлабочува и чесно го еродира чувството кое Умот го создава за себе.

Егото! И за некои луѓе доаѓа моментот кога ќе сфатат дека страдале доволно а тоа е на пример случај со луѓето кои ќе се повлечат. Ако ги прашате, сите искусиле свој дел од страдањата, инаку не би биле отворени кон Пораката.

 Тие го искусиле својот дел од човечката болка и страдање и дошле до момент каде се подготвени да ја слушнат пораката која вели: “Постои и друг начин на живот по кој можете да живеете, кој не ви дава нови страдања”.

Во голема мера луѓето самите на себе си прават страдања и кога се подготвени да ја чујат таа Порака, тие и навистина ќе ја слушнат. Порака која постои во секоја религија. Тоа е најважната порака на будизмот а тоа е крај на страдањата. Дури и најважната порака на Исус е пронаоѓање на бисер со голема вредност, пронаоѓање на Царството небесно кое е во тебе сега и овде. Како што рекол Исус , тоа е секако крај на животот во страдање. Некој може да каже дека страдањето ви е потребно за да разберете дека дојдовте до точка на остварување, дека нема да страдате и тоа е парадокс. fb_img_1534680645444

Ако не си страдал, тогаш ова учење не би постоело. Може да се каже дека еден дел дошол како резултат на интензивна болка, бидејќи како човек не би можел спиритуално да се развиваш ако не си страдал.

Така да страдањето е мојот најголем учител. И за сите нас.

И тогаш некои луѓе, кога се подготвени, стапуваат во контакт со спиритуалното учење со учител и така можат да го забрзаат процесот на остварување.

А тоа е дека не морате да страдате туку да бидете подготвени да слушнете. Кога ќе стигнете до сознанието дека можете и поинаку да живеете и не расправате ментално за тоа што сте и кој сте, тогаш е крај на самонаметнатата болка.

И ако не си нанесувам себе си повеќе болка и страдање тогаш и не нанесувам болка и на другите, бидејќи тие двете одат заедно.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: