Важна лекција за љубовта

Дали некогаш сте размислувале за тоа како нашите грешки не’ обликуваат и ни помагаат да се развиваме?

 Сите во животот се среќаваме со разделби. Ова е една од најтешките работи во животот. Посебно кога е во прашање долга врска, кога сте граделе долгорочни планови. Неверојатно е тешко да се разделуваме со нашите најдраги. Тешко е да се преживее раскинување со човекот со кој сте планирале да живеете до крајот на животот.

Во вашиот живот бил човек поради кој сте направиле се’. И сте ризикувале се’.  Сте ја отвориле својата душа и тело. Меѓутоа…тој кај вас предозвикал само болка. Чекор по чекор ја убивал љубовта. Без никаков сомнеж, не помислувајќи дека тоа ќе ви се случи.

Но, порано или подоцна, она за кое најповеќе се плашевте ви се случува. Доаѓа време кога повеќе не можете да продолжите со иста желба. И одлучувате да го завршите тој однос.

Секако, се појавуваат многу прашања. Сакате да дознаете кога работоте тргнале наопаку. Се обидувате да ги утврдите грешките кои вие и вашиот партнер сте ги направиле.

Престанете да се мачите себе си. Сите правиме грешки. Во љубовта, нема логика. Нема вистински и погрешни одлуки. Двајцата партнери се одговорни за својот однос. Се случува луѓето идеално да си одговараат еден на друг. Се случува луѓето да се некомпатибилни.

Не постојат случајни средби. Среќаваме луѓе, преку кои треба да сфатиме нешто многу важно. Треба да научиме одредени лекции. Не можете тоа во тој момент да го разберете, но тоа се многу важни лекции. Кога ќе ги совладате, ќе добиете живот за кој сте сонувале.

Многу е веројатно дека ќе го сретнете својот востински човек. Дали некогаш сте слушнале за изреката: ‘ Без олуја и ураган не постои капетан?’

Болката и страдањето ни се неопходни. Тие ни помагаат да станеме подобри. Тие не’ корегираат. Без грешки, нема да станете она што сте. Ни ви ни требат такви односи.

Неопходно било да се искуси тоа болно одвојување. Треба да поминете низ сето тоа. Бидејќи ќе станете појаки и по мудри.

Моравте да поминете низ нездрави односи. Моравте да ја искусите таа болка. Требаше да почувствувате како се составувате дел по дел секојдневно. За да сфатите нешто. За да знаете дека вистинската љубов е нешто друго. Таа буди потполнио други чувства и емоции.

Сега сте по мудри. Сега знаете како да ја разликувате вистинската љубов од обична привлечност. Сега сте потполно отворени за љубов. Знаете што ви треба. Нема да се согласите на ништо помалку.

Ако сте поминале низ сето ова, тогаш не ви останува ништо друго, освен малку да причекате. Наскоро ќе добиете тоа што заслужувате.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: