‘Дали егото e наш најголем непријател?’- Нил Доналд Волш

Егото не е непријател, само его кое е вон контрола може да биде наш најголем непријател, но егото само по себе не е.

Благодарение на егото знаеш кој си, без его не би можел да правиш разлика помеѓу себе и другите и ќе почнеш да се чувствуваш како и сите луѓе на светот. Егото е дел кој не’ разликува и идентификува како поединец, одредувајќи го нашиот идентитет, ни помага да сфатиме кои сме.

Ни дозволува да видиме кои квалитети ги поседуваме, какви особини имаме, кои сме навистина, иако на пошироко ниво сме сите едно, дел од ист ентитет.

Иако потекнуваме од ист извор, секој од нас е поединец за себе, како што прстите на мојата шака, се дел од моето тело, но секој од нив за себе е индивидуа, која извршува посебни работи со специфично катактеристики.

Индивидуалност не подразбира раздвоеност, туку дека сме различни но не и раздвоени од целината. Кога ќе почнеме да ја сфаќаме оваа реалност и кои сме навистина, тогаш сфаќаме дека егото не е лошо, дека не е наш непријател.

Мораме да внимаваме со егото бидејќи тоа е моќна енергија. Ако му дозволиме на егото да управува со нас, тогаш можеме да помислиме не само дека сме единствени, туку дека сме подобри од другите. Е, тука е опасноста.

Мораме да го контролираме егото и да дозволиме да ја користиме таа прекрасна енергија за да бидеме единствени, но не и одвоени од целината или подобри од нив.

Ова е најголем предизвик на човечкиот вид, бидејќи многу луѓе креираат конфликти на планетата токму поради тоа што мислат дека се подобри од другите. Кога ќе ни се јави идејата дека сме подобри од другите, не различни, туку подобри, тоа е всушност една од најопасните идеи која остава големи последици, а ја создале токму луѓето.

Со елиминирање на идејата дека сме подобри, а подржувајќи ја идејата за единство, која не подразбира губење на автентичност, да градиме хармонија, мир, среќа во човечкото тело.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: