Што е среќа и љубов? Нил Доналд Волш

Среќата е состојба, чуство на радост бидејќи знам кој сум навистина.

Среќата е радост која ја чувствивам бидејќи ја живеам својата цел и искуството низ кое проаѓам и низ кои можам да се изразам себе си, да покажам кој сум навистина, другите да го видат мојот вистински идентитет, тоа за мене е среќа.fb_img_1534425544579 Најсреќен сум кога можам да ги искажам моите најголеми идеали, она што навистина сум: храбар, внимателен, свесен, љубезен, трпелив, разумен. Кога ќе ги искажам сите аспекти на својата душа и природа, најсреќен сум од сите.

Среќата за мене нема никаква врска со надворешното, материјалното. Среќата не е поврзана со автомобилот што го возам, куќата која ја поседувам, партнерката со која сум, без оглед што е прекрасна личност. Тоа не се работите кои ме прават среќен, како ни парите кои ги заработувам, како ни славата која ми припадна, среќата се достигнува со работа на себе одвнатре.

Утврдив дека сум најсреќен и најрадосен кога ќе успеам да поделам највозвишената мисла која ја примив од Бог заедно со другите како Божја реч. Низ разговорот со Бог, научив нешто многу важно што не го знаев предходно. Научив дека во мојот живот не се работи за мене, туку за сите други луѓе чии животи ќе ги допрам и начинот на кој тоа ќе го направам. fb_img_1534425538562

Се’ додека можам да живеам почитувајќи го сознанието дека не се работи за мене туку за секој што ќе го сретнам на мојот пат и како ги допирам животите на другите и по некое чудо пак доаѓам до вистината дека всушност се работи за мене ама на многу повисоко ниво, за мене на универзално ниво, а не на ниво на индивидуа.

Благодарение на тоа сознание кој сум на универзално ниво ме прави посебно среќен

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: