Еден љубезен збор, може некому да му го смени целиот ден

 Прекрасна приказна од животот на славната писателка Елизабет Гилберт.

Кога светот се чини ладен и суров, погледнете во своето срце- секој од нас има моќ, своето место да го направи посветло.

Пред неколку години заглавив во собраќаен метеж, во преполн автобус, на улиците на New York. Автомобилите едвај се движеа. Автобусот беше полн со премрзнати, уморни луѓе, кои беа длабоко исфрустрирани- едни поради други, поради дождливиот, грозен ден, поради целиот свет. Двајца мажи жестоко се расправаа, околу гужвата која беше и не беше наметната. Во автобусот влезе и една бремена жена и никој не и’ ослободи место.

Бесот беше во воздухот; немаше ни ронка милост. Но, додека приоѓавме кон Седмата авенија, возачот се огласи преку разгласот: ‘Луѓе’- рече- ‘знам дека имавте напорен ден и знам дека сте фрустрирани. Не можам да направам ништо, по прашање на времето ниту гужвата, но можам да направам само едно. Кога секој од вас ќе слегува од автобусот, ќе му подадам рака. Кога поминувате покрај мене, оставете ги вашите грижи во мојата дланка, добро?

Не ги носете дома- оставете ми ги мене. Мојата рута поминува покрај реката Hudson и кога ќе поминувам покрај неа, ќе го отворам прозорецот и ќе ги фрлам вашите грижи во реката’. -Како тоа ви звучи?’

Ни се чинеше како некој да не’ ослободи од уроци. Сите почнаа да се смеат. Лицата беа полни со неочекувано воодушевување. Луѓето кои последниот час се правеа дека не се приметуваат, почнаа меѓусебно да се смешкаат, демек, мисли ли овој сериозно?

О, да беше сериозен.

На следната станица- токму како што вети- возачот ја подаде раката, ја отвори дланката и чекаше. Еден по еден, патниците ја ставаа раката во неговата и се правеа, дека нешто оставаат во неговата дланка. Некои се смееја, некои плачеа, но сите тоа го направија. Возачот го повтори истото и на следната станица. Па на следната, се’ до реката.

….Живееме во суров свет, драги мои. Понекогаш е посебно тешко да се биде човек. Понекогаш денот ни е лош. Понекогаш тој лош ден, трае со години. Се борите и не успевате. Губите работа, пари, пријатели, верба и љубов. Сведоци сте на грозни глетки во вестите, станувате престрашени и повлечени.

Понекогаш ви се чини дека е тотална темница. Имате желба за светло, но не знаете каде да ја најдете. А што ако вие сте светлото? Тоа е она, што возачот на автобусот ме научи- сите можеме да бидеме светло во било кој момент. Овој човек не ја покажуваше својата сила. Тој не е духовен водач. Тој е обичен возач на автобус- еден од најневидливите услужни работници.

Но, имаше вистинска моќ и ја искористи за нешто најдобро. Кога светот ми се чини, посебно непријателски настроен или се чувствувам потполно немоќно соочена со проблемите, се сеќавам на тој човек и помислувам: ‘Што можам да направам, токму сега, да бидам светлина?’

Секако, јас сама не можам да ги застанам војните, да го решам проблемот со глобалното затоплување или нервозните луѓе да ги претворам во други- подобри. Но, имам некое влијание на секој со кој ќе се сретнам, дури и ако никогаш збор не си кажеме. Нашето однесување е многу важно, бидејќи во ова општество се е заразно- жалост и лутината, секако, но исто така и трпеливост и великодушност. Тоа значи дека сите имаме поголемо влијание од она што мислиме.

Без оглед на тоа кои сте, каде сте и колку е вашата ситуација тешка, верувам дека можете да го осветлите својот свет. Всушност верувам дека тоа е единствениот начин, да се осветли светот- со еден по еден светол чин, се додека не стигнеме до реката.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: