Елизабет Гилберт- Можеме ли некогаш да бидеме сигурни во нешто?

 Колку пати во животот сте биле сто посто сигурни дека сте ја нашле љубовта на својот живот, најдобриот пријател, совршениот ментор, медитација или лек за вас и  кој на крај, нема да ве изневери. fb_img_1534680563877

А тогаш? Пополека стануваме свесни дека не сме толку сигурни. Можеби е време  во својата сигурност да направиме малку простор за сомнеж и мистерија. Потполна сигурност повеќе не е тоа кон кое се стремам.

На многу потежок начин научив дека судбината на нашите најјаки уверувања гледа со насмевка а можеби дури и со жалење. Понекогаш ми се чини дека единствена работа на светот е нежно да не’ одвои од најголемите сигурности, вадејќи не’ повторно на најважната морална стратегија на учењето: понижувањето.

Секако дека не е пријатно да се биде лишен од потполна сигурност. Можам да наведам цел попис трагикомични примери на работи во кои, со забуна сум била апсолутно сигурна, а сигурна сум дека и вие имате сличен попис.

И тогаш? Пополека стануваме свесни дека не сме баш сигурни. Тлото под нозете, овде на земјата, многу е лизгаво и отсекогаш е такво.

Можеби од таа причина во тешки времиња инстиктивно се свртуваме кон другите луѓе- за кои чувствуваме- како во својата сигурност направиле малку простор за сомнеж и мистерија.fb_img_1534680342003

Сочувствивањето, се чини, најдобро расте на слабите точки кои се наоѓаат под слаткото предавство. Затоа се обидувам да не форсирам цврсти заклучоци. Верувам дека тоа ме одржува нормална, а исто така ме одржува како човек.

извор: Oprah.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: