Дури и кога мислите дека немате избор – верувајте дека имате

 И покрај светскиот успех и популарност, Елизабет Гилберт ( автор на бестселерот ‘Јади, моли, сакај’) се сретнала и со неуспех и тапкање во место. Во оваа приказна од сопствениот живот, таа ја подели со своите читатели – како го пронајде излезот, од тешкиот период на креативна блокада и како повторно ја пронајде својата страст.

-‘Секогаш се сметав за среќен човек и една работа која вистински ја сакав, а тоа беше пишувањето. Никогаш не морав да трагам по својата судбина; само требаше да ја следам.

Зошто сум овде?  Овде сум, за да бидам писателка, од првата запалена цигара, до последниот здив од животот. Без сомнеж. А, Само пред две години, ја изгубив својата вистинска страст и сета моја сигурност, се сруши заедно со неа.

Еве што се случи: по неочекуваниот успех на романот’ Јади, моли, сакај’, со елан тргнав на пишување, на следниот проект- уште еден роман. Работев посветено, како и секогаш, средував години истражување и интервјуа. Кога завршив, направив дело кое беше…ужасно. Без лажна скромност. Навистина, книгата беше лоша. Најлошо беше, што не знаев, зошто е грозна. Да биде уште полошо, веќе го поминав рокот, за предавање на книгата кај издавачот. Деморализирана, му напишав писмо на својот уредник, признавајќи го својот страшен неуспех. Беше нежен кон мене, со оглед на ситуацијата. Рече: ‘Немој да се грижиш. Ќе најдеш решение.’

Но, јас се грижев, бидејќи по прв пат во животот, немав страст кон пишувањето. Потполно изгорев и пресушив. Ова беше многу загрижувачко. Не знаев која сум без стариот, познат жар.

Се чувствував како парче картон, исечен во мој облик. Мојата стара пријателка Сара, гледајќи ме така несреќна, ми даде мудар совет: ‘Земи пауза’! Немој да се грижиш околу трагањето по својата страст некое време. Наместо тоа следи ја својата љубопитност.’

Не ми рече, засекогаш да се откажам од својата страст, секако, туку само привремено да го намалам притисокот, кој сама си го наметнав, истражувајќи нешто потполно ново, неврзано со пишувањето- нешто што ќе биде интересно, но за кое нема да бидам толку емотивно врзана. – ‘Кога твојата страст се чини толку недостижна’- ми објаснуваше Сара- ‘љубопитноста може да биде опуштена разонода’.

И така…почнав со градинарство. Водејќи се со советот од пријателката, се тргнав од работната маса и поминав шест месеци, копајќи по земјата потполно со празна глава.

Имав некои успеси (преубави домати) и неуспеси ( грашокот). Ништо всушност од тоа не беше важно, бидејќи градинарството, беше само задоволување на мојата љубопитност- нешто што скромно ќе ме заокупира додека поминувам низ тежок период.

Верувајте ми, во такви моменти и скромен успех се чини како победа. Потоа се случи чудо. Дојде есента. Го копав сувото корење на доматот, кога од никаде, одлучив дека можам да ја поправам книгата.

Ги измив рацете, се вратив на работната маса и во рок од три месеци, го довршив пишувањето на книгата. ‘Судбоносното да’- книгата која сега ја сакам. Со други зборови, градинарството повторно ме направи писателка.

Значи, мојот невообичаен совет гласи: Ако сте ја изгубиле својата вистинска страст (или ви е тешко да откриете која е воопшто вашата страст), не се грижете многу. Тргнете се на некое време. Ама и не безделничете. Обидете се нешто ново, нешто што баш и не ве интересира.

Зошто да не пробате да ја следите својата чиста љубопитност, во сета своја разиграна магија? Во најмала рака ќе ве заокупира додека животот не се нареди. А најдобро од се’, вашата љубопитност може да ве изненади. Пред да сфатите што се случува, можеби ќе ве врати на сигурно, на место каде што сте како дома.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: