Колумна на Елизабет Гилберт, автор на бестселерот ‘Јади, моли, сакај’
Сите во моето семејство многу се добри раскажувачи. Не ни одат тимски спортови, имаме мал проблем со алкохолот и многу лошо располагаме со пари- но, пријателе, опасни сме раскажувачи…
Го поминав детството во набљудување, како разни приказни добиваат свој пресврт, како се превртуваат и повторно се создаваат, додека семејните случувања, од инциденти се претвораат во приказни.
Се испостави дека е голема разликата помеѓу тие двете. Инцидент е настан кој се одвива во стварноста и носи реални последици и вистински, сурови човечки чувства. Приказната е она што подоцна се создава од тој настан.
Инцидентите се диви и опасни; приказните се контролирани и охрабрувачки. Во процесот на создавање на приказна ,стоите на лизгав раб на инцидент, полирајќи го од сите болки, непосредност и важност, создавајќи нешто што безбрижно можете да го носите во џебот.
Приказната е неверојатна работа, бидејќи повторно ви дава контрола. Кога бев малечка, дедо ми ми раскажуваше приказна за својот роднина кој 1950 г. имал навика да се напие доцна навечер, а потоа потполно гол, сам да отиде да плива во каналот.
Една вечер се збунил, клучевите од камионетот ги заборавил внатре во автомобилот, каде што биле и неговите алишта. Бил присилен, така гол и воден, неколки километри по главниот пат, на својот роден град да пешачи гол.
Но, има и подобар дел! Роднината на мојот дедо, успеал да пронајде мала крпа, која случајно му испаднала од камионетот- единствената работа, која можела да ја скрие неговата голотија
—‘И го прашав’- раскажуваше дедо ми – ‘Што направи’?
На тоа роднината посрамотено рекол: -‘Се надевам дека одлучив правилно’ .
Како јас, ја сакав оваа приказна! Вистината е ионака доволно тешка. Секако, сега кога пораснав, јасно ми е дека не било така урнебесно смешно во моментот кога се се случуваше- во моментот кога тоа беше инцидент.
Но, роднината на мојот дедо, тој несреќен случај го претвори во добра приказна. Можеби ги пренагласи некои смешни делови и малку ги прилагоди оние потажните.
Мојот дедо со тек на времето, веројатно, дополнително ја средил приказната. Можеби и јас ја ‘нашминкав’ малку кога ја раскажав. На некој тоа можеби ќе му смета. Можеби ќе рече, како ја менуваме вистината. Но, јас мислам дека тоа е во ред, дури и хумано. Вистината е ионака тешка. во моментот кога се случува.
Еве уште еден пример: Од 2001 до 2003г го поминав тешкиот период на развод. Тоа беше несреќен инцидент. Бев несреќна, депресивна и посрамотена. Во тоа време една пријателка ми рече: “Еј, па ти си писателка”! Еден ден ќе пишуваш за ова”. Бев увредена и мислев дека нема шанса својата болка да ја искористам за приказна. Но, сепак својот инцидент го претворив во приказна.
Немав избор, навистина- тоа ми е во крвта. Не велам дека пушувањето на романот “Јади, моли, сакај” беше едноставно. Смислувањето како еден непријатен инцидент да се претвори во добра приказна никогаш не е едноставно.
Што треба да кажам, а што не? Изборот е многу важен, бидејќи нашето минато, е она што ние сакаме да го кажеме за себе. ” Кои интимни делови треба да ги скријам, а кои да ги кажам”- размислував.
Беше многу интензивно. Емоционалните влогови беа многу големи. Се чувствував, како истовремено да ми приоѓаат два автомобили од различни смерови, а единствено што имам е малку зборови да се покријам.
Се’ што имам да кажам е ова: ‘Се надевам дека одлучив правилно’
Leave a Reply