Ќе собереш ли сила да си простиш ако престанам да ти пишувам, иако рацеве во немоќ, верувам дека единствено би сакале само уште нешто да ти кажат …
Ќе бидеш ли храбар да живееш без да ме сретнеш повеќе?
Да ти бледеам секој ден по малку, а ти да се гризеш од утроба нагоре затоа што не ме сакаше доволно лудо како јас тебе…Се надевам ќе измолкнеш од под тоа мразовите околу срце, малку барем снага да ми дојдеш на мермерот.
Да ми седнеш до стапалата и да си муабетиме како некогаш. Овојпат ти ќе ми го бараш погледот кој лута, тогаш љубов моја ти ќе зборуваш, а јас мудро ќе ќутам…
Заминаа нашите возови во најубавите години…Погали ми го образот и почувствувај го мразот па нека те згрее, да видиш што мене ме топлеше сите овие години.
Мил мој,
Дај сврти се кон свеќата и барај ме во темнините и тивко запрашај се наглас- кој ли од нас згреши …Возвишувај го Бога оти мене ме зема пред тебе…Мојата болка немаше да се мери, оти светот цел во својата црнина ќе го завиев да се мрачиме заедно до последната издишка.
Ти пишувам Мил за да ти останам тука, инаку знам јас и немо да си заминам, свесен си за тоа, така?!
Биди благодарен оти си благословен со љубовта моја вечна.
Биди- оти јас не бев.
Биди се’ што јас неможев.
Биди она кое мислиш дека не си.
Биди ми среќен…
Рената Миленкович
Leave a Reply