Кога Бог ја создаваше жената

 Кога Бог ја создавал жената, работел посветено и со жар, на шестиот ден од создавањето на светот.

Ангелот кој му помагал со внимание го гледал и го прашал:

-‘Зошто трошиш толку време на неа?’fb_img_1536599959647

Бог одговори: -Дали ги виде сите материјали, карактеристики и особини со кои ја обликувам? -‘Таа мора да функционира во сите можни и неможни ситиации, да може да порасне повеќе деца во исто време, да има прегратка која може да излечи се’, од модрици на колена до скршено срце. Таа мора се’ да постигне само со две раце, да се исцелува себе кога е болна и да може да работи со нив 18 часа дневно’. Ангелот беше воодушевен: -‘Само со две раце…Невозможно!’

Ангелот тогаш се доближи поблиску и ја допре жената: – ‘Но, ти ја направи многу мека, Господе.

-‘Таа е мека’- рече Бог . Но, ја направив силна. Не можеш да замислиш што може да поднесе и помине’.

-‘Дали може таа да мисли?’,

Бог одговорил: -‘Не само тоа, може да разбере и подржи.fb_img_15358442860831

Ангелот ги допрел нејзините образи.. ‘ Господе, изгледа од оваа креација нешто течи! Си ставил премногу бреме на нејзиниот грб’.

-‘ Тоа се солзи’ – рече Господ поправајќи го ангелот..

-‘Зошто и се тие?’- праша Ангелот..

Господ му рече:- ‘Солзите се начин низ кој таа ја изразува нејзината тага, нејзиниот сомнеж, љубов, самотија, страдање и гордост’…

Ова остави голем впечаток на Ангелот: -Господе, ти си гение. Си мислел на се’.

Жената навистина е величенствена.

Бог рече: ‘-Навистина е. Таа има сила која ги задивува мажите. Таа може да се носи со тешкотиите и да поднесе голем терет. Таа во себе носи среќа, љубов и чиста мисла.

Таа се насмевнува и кога и е тешко. Пее дури и кога и се плаче, плаче кога е среќна и се смее кога е уплашена.Таа се бори и не се откажува од она во што верува. Нејзината љубов е безусловна. Нејзиното срце се крши кога најблискиот род или пријател умира но наоѓа сила да продолжи со животот’.

Ангелот го прашува: – ‘Тогаш , таа е совршено суштество?’

Бог одговори: -‘ Не, таа има само еден недостаток, често заборава колку е драгоцена’.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: