Убавицата и ѕверот.
Бајка која со векови крие многу важна психолошка лекција. Оваа бајка, не’ учи за оние наши делови кои најповеќе ги мразиме.
Психолошкото клише е дека мораме да научиме да се сакаме себе си, дури и оние делови кои се за јавна осуда.
Josh Greysel, психолог и автор на стручниот портал Psychology today, напоменува дека работата на себе не е толку тешка колку што сите за неа зборуваат. Овој пат тој се обидел да го објасни прифаќањето на себе си на премиерата на една од најубавите бајки на нашето детство- ‘ Убавицата и зверот’. Оваa француска бајка oд далечната 1740 г до денес е објавена во неколку варијации.
Најкратко речено, преубавата девојка доброволно се согласува да биде заробена од ѕверот за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа грозно и Убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да побегне. Секоја ноќ, Ѕверот ја прашува убавицата да се омажи за него и секоја ноќ таа го одбива.
Убавицата треба да научи да сака без убедувања и дополнителни информации. Да ја види убавината во ѕверот. Во почетокот постојат само мали наговестувања кои ќе ја натераат Убавицата да размисли за тоа како Ѕверот, не е така страшен. Всушност мора да научи да го сака ѕверот.
Да преминеме на главното. Таа ќе се заљуби во Ѕверот и доаѓа до судбинскиот бакнеж после кој тој се претвора во преубав принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна истакнува дека Убавицата толку го засакала ѕверот, што кога го видела принцот извикала: ‘ Каде е мојот ѕвер? ‘Вратете го мојот ѕвер’. Сега, помислете на некој дел од себе и својот живот кој не ви се допаѓа, кој не можете да го прифатите и сакате да го смените. Нешто за што негативно размислувате. Постојат одредени работи во животот кои ве заробуваат и со време почнувате да ги мразите, толку да од се’ се обидувате да побегнете.
Оваа бајка крие универзална вистина со векови и тоа е причина за нејзиниот опстанок. Според неа, морате да научите да ги сакате работите кои моментално ги мразите.
Не станува збор за тоа дека треба да го добиете прекрасниот принц туку да разберете дека позади секоја грдотија се крие некоја вредност, благо кое треба да го засакате. Додека тоа не успее ќе бидете затворени во затворската одаја на неприфаќањето.
Само низ овој вид на прифаќање можеме да ги почитуваме нашите проблеми и предизвици како подароци. Кога себе си се прифаќаме и се сакаме можеме да речеме дека ќе живееме среќно до крајот на животот. Значе, и да немате објаснување за некои работи и колку сега во моментот ве болат, можеби постои поголема цел. Прифатете ги. Спасете се од страдања и поголема болка и подгответе се на поука која ќе ја научите со прифаќање на моменталното животно искушение. Не додавајте: ‘ Но..’..туку прифатете го предизвикот и обидете се да ја најдете убавината во ‘ѕверот’ во вашиот живот.
избор: Позитивен клуб
Leave a Reply