Љубовта која ја даваме, е еднаква со љубовта која ни останува

Таа личност ќе дојде и нема да ја препознаете, но таа ќе направи се’ да ви се приближи. Ќе помине време од првата средба, но во вашето патување, е запишано кога ќе се видите повторно, кога ќе се гледате во очи, бидејќи постои нешто познато, нешто што веќе го знаете… а тоа е во вас!

Ќе го запознаете неговиот мек и искрен изглед, во кој ќе пронајдете дел од себе и ќе почувствувате топол проток на енергија којa ве обвиткува, но и понатаму нема да бидете убедени! Премногу болка го измачува вашето срце, разочарување, жалење, грешки, но таа личност е испратена, да го исчисти тоа и очите, да продолжат да светат!

И кога ќе се сретнете конечно…Приказните се раскажуваат меѓусебно, необична сличност, иста болка, иста рана. Сфаќате дека тоа е исто така запишано во вашето патување, дека ќе се составите и ќе се излекувате меѓусебно со силата на љубовта, која и понатаму постои и покрај се’.

Давајќи ја конечно таа љубов, добивате многу љубов за возврат, која од секогаш сте ја барале, ќе сфатите дека првенствено почнувате да давате љубов кон самите себе си, вниманието го фокусирате на себе, почнувате да се сакате себе си.

Ќе дојде таа личност која ќе биде многу слична на вас, ќе добиете она што им давате на другите, а ништо не добивате за возврат…Животот е чудо!

Тогаш сфаќате дека не сте во право, кога ќе кажете дека не треба да се дава љубов… и  кога не очекувате ништо, тоа што сте дале, ви се враќа назад.

Ќе ви се врати љубовта која ја давате!

Во обичен ден, кога сето внимание ќе биде насочено на вас, животот ќе ја донесе вистинската личност, онаа која е само на вашата страна, во тешкотии и безбрижност, без заклетва, за заедничкото патување до крај!

by Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: