Паоло Коељо – Што е чудо?

Ова е прекрасен текст од романот ‘Ракописот од Арка’ кој не’ охрабрува и не’ потсетува дека чудата се секогаш околу нас… fb_img_1536667553921
Чудото можеме да го одредиме на различни начини: она што се противи на законите на природата, интервенција во моментите на длабока криза, лек и визија, невозможни средби, спас во моментот на соочување со ‘ непознат гостин’. Сите овие дефиниции се вистинити.
Но, чудо е и повеќе од тоа: Тоа е она што изненадувачки го исполнува нашето срце со Љубов.
Кога тоа ќе се случи, чувствуваме длабоко почитување за милоста која Бог ни ја дал.
Господе, чудо наше секојдневно подари ни денес, дури и ако не сме во состојба да забележиме, бидејќи нашиот ум најчесто е насочен на големи дела и освојување.
Дури и ако сме премногу зафатени со своето секојдневие за да можеме да разбереме колку тоа го менува нашиот пат.
Кога ќе бидеме сами и несреќни, нека ни бидат очите отворени за живот кој не’ опкружува: за цветот кој расцветува, за звездите кои се движат по небото, за далечната песна или глас на детето во близината.
Помогни да разбереме дека постојат некои работи така важни, кои треба да ги откриеме сами.
Кога ќе дојде време за тоа, не треба да се чувствуваме незаштитено: Ти не’ следиш и подготвен си да се вмешаш ако ногата опасно ни се приближува кон провалија. Помогни да продолжиме понатаму и покрај потребата се’ да објасниме и разбереме.fb_img_15365342050131
Помогни да разбереме како силата на љубовта е во нејзините спротивности. А Љубовта се одржува така што се менува, а не затоа што е стабилна и без предизвици.
И да, секој пат кога ќе видиме понижениот да се возвишува а гордиот да е понижен, во тоа да препознаеме чудо.
Помогни, кога нозете ќе се уморат, да чекориме со помош на силата скриена во нашето срце. А кога срцето ќе се умори, да продолжиме со силата на верата. Помогни во секое зрно на пустински песок да видиме одраз на чудото на различноста. Тоа ќе не’ охрабри да се прифатиме себе си такви какви што сме. Бидејќи како што не постојат две исти зрна песок во цел свет, не постојат ни две исти личности кои мислат и реагираат на ист начин.
Помогни да покажеме скромност кога примаме радост и кога ја даваме. Помогни да разбереме како мудроста не е во одговорите кои ги добиваме, туку во тајните прашања кои го обогатуваат нашиот живот.
И помогни никогаш да не бидеме врзани за она што мислиме дека го познаваме, бидејќи многу малку знаеме за судбината.
Но, некој не поттикнува да делуваме беспрекорно, користејќи 4 доблести кои треба да се сочуваат: Смелост, леснотија, љубов и пријателство

 

Leave a Reply

Up ↑

%d