Љубов за која треба да молиш…не е љубов


Љубов која е милостина не е љубов: тоа е недостаток на достоинство и почитување кон себе си.
Да се сака некој, значи грижа без предизвикување болка и страдање.
Затоа треба да се тргнете од лажни љубови и да се поштедите себе си од болка, бидејќи тоа значи дека не се сакате.fb_img_15358433943501
Да се сака е првиот чекор кон живеење на љубовта на вистински начин, за да не се падне во манипулација или малтретирање.
Веројатно кога се наоѓаме во таква ситуација, мислиме дека страдањето е неизбежно, но во стварноста тоа не е така.
Секое човечко суштество е во состојба да се надмине самиот себе, за да се спречи, другите да ги искоростат неговите чувства, и да направи проценка дали таквите односи треба да се затворат, бидејќи не нудат никаква радост, ни мир, ни личен раст.
Да сфатиме дека некој кој го сакаме, нас не не’ сака повеќе и да кажеме збогум засекогаш, или кога ќе сфатиме дека некој не покажува внимание и наклоност која ја заслужуваме, да речеме збогум – бара период на ‘жалост’.
Бара од нас да создадеме личен простор за да разбереме што ни се случило.
Периодот за размислување и надминување. Бидејќи болката која ја чувствуваме кога ќе разбереме дека некој не не’ сака, ги ослободува емоциите кои можат да не’ измачуваат од внатре.
Таа личност ги изневери нашите чувства и ја понижи нашата способност да сакаме..
Да си дадеме малку време да се налутиме, да ги негираме реалните факти, да мечтаеме, да бидеме згрозени, да разбереме кои делови ни се скршени а кои се како нови и да ги реконструираме чувствата кои ги доживуваме.
Се’ ова е од суштинско значење за да можеме да сакаме, за да можеме да се чувствуваме важни и да се почитуваме самите себе си.
На крајот на краиштата, кога ја оставаме ‘не – љубовта’ зад себе, започнува процесот на емоционална слобода која ќе донесе благосостојба и ќе помогне да се ослободиме од болка.fb_img_1535296938662
Љубовта мора да се покаже, но не и да се моли.
Ако не правиме така тоа значи дека ја потценуваме нашата способност да сакаме, стануваме жртва на најстрашниот убица:
Рамнодушноста.
Индиферентноста се заснова на неравнотежа во односите и ја наоѓа својата подршка во слабата основа на која сме го изградиле нашиот однос.
Не постои ништо подобро од покажување на континуирана незаинтересираност, за да почнеме да ги отвораме очите, дури и тогаш кога посакуваме да ги затвораме и да не гледаме.
Тогаш сфаќаме дека сите љубови не се вистински, дека љубовта не е взаемна и најважното да се биде среќен во пар значи да се смееш заедно, да бидеш соборец и добар љубовник.
Кога нема лага, изговори и недостаток на интерес, земјата ќе биде плодна да роди љубов која ќе се заснива на слобода на однесување, а не на злоупотреба.
Односите кои се вредни се оние во кои имаме слобода на избор, оние во кои чувствуваме блискост, оние засновани на благодарност, заедничко време и чувството на взаемна наклоност.
Треба да се сакаме едни со други и да ја негуваме самодовербата.
Никој не може да не’ направи несреќни без наша дозвола.
Градењето на среќен однос мора да биде важна за нас, треба да се се сакаме едни со други и да се сакаме себе си.
Мораме да покажеме дека секојдневно се сакаме себе си.
Кога во тоа ќе успееме, чувствуваме дека не сакаме никој кој не покажува интерес за нас. fb_img_15359059996101
Нема да му се фрлиме во рацете на тој емотивен убица под име
‘рамнодушност’, кој ќе направи се’ да страдаме поради глупи бесмислици и игнорирани пораки.
Без оглед колку нас љубовта ќе не’ разочара, не е важно дали чувствуваме дека покрај себе ја имаме љубовта на својот живот или веруваме во вечна љубов.
Вистинската и неопходна љубов е чиста љубов која ја чувствуваме кон себе а од тие чувства можеме да разбереме што заслужуваме и да бидеме свесни за она што не го заслужуваме.

 

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: