Ако го отвориш срцето- Љубовта ќе ти дојде

Ако го отвориш срцето-  ќе ти дојде љубовта.

Ако го пуштиш минатото-  болката ќе исчезне.

Ако го победиш стравот-  животот ќе ти даде подарок.

Ако се засакаш себе си-  ќе засакаш се’.

Ако кажеш благодарам од срце- во тебе радост ќе биде.

Ако благословиш, се’ што е покрај тебе- крила ќе те носат по Земјата.

Ако простиш, што болка ти причинува- таа ќе те носи по Небото.

Ако го прифариш светот со душата своја- светот ќе те прифати тебе.
Ако не брзаш во својата работа- веќе си успеал.

Ако си подготвен да најдеш ѕвезда- веќе си ја нашол.

Ако си се запознал себе си- си го запознал цел Универзум.

Ако си се прифатил себе си- си го прифатил Животот во целост.

Ако си се поверил на Животот-  тогаш си во мудри, сакани раце.

Ако знаеш дека животот те води- веќе си победник.

Ако се почитуваш себе- веќе си совршен.

Ако веруваш во себе- животот е за тебе.

Клучот е во тебе.

Животот е во тебе.

И ти потполно носиш одговорност за својот живот, пред себе си.

Ти си причина и последица.

Изборот е секогаш Твој.

Leave a Reply

Up ↑

%d