Ако нешто ви значи… Никогаш не е премногу доцна. Почнете кога сакате

 Јас верувам во судбина, од која не можеш да побегнеш. Верувам дека чувствата се посилни oд разумот и не можеш да им наредиш.

Јас верувам дека не треперам секогаш, туку кога човек ќе ме допре длабоко и без оглед, дали реагирам на неговиот глас, поглед, допир или е само во мојата подсвест, се појавува неговата слика.

Јас верувам во тоа ако човек ја изневери мојата доверба, тогаш нешто во мене ќе се скрши, врската се прекинува и јас не го гледам како порано. Не знам да воскреснам она што е умрело.

Јас верувам, во зајдисонце со шолја врел чај и изгрејсонце кое се гледа во очите.

Верувам во шепот, нежен, мил, без лицемерие. Јас верувам дека постои сроден глас и кога ќе го слушнеш, како да ја обвиткуваш душата со топлина.

Јас верувам во молчење, кое повеќе зборува од самиот збор.

Јас верувам во магијата на погледот, која може да ме фрли на колена или да ме убие, а може и да лебди, да се насмевнува и воскреснува.

Јас верувам во тоа, кога ќе ги затворам очите, човекот ќе биде со мене, без оглед колку сум јака или слаба..

Јас верувам во тоа, дека времето не може да се врати и дека кога- тогаш се’ ќе помине.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: