Зошто не треба да се плашите да бидете осамени?

Ако не ја почувствувате осаменоста, љубовта нема долго да остане покрај вас.

И на љубовта и треба одмор, за да може да лета по небото и да се покаже во други облици.

Без осаменост, ни растението ни животното, не можат да преживеат, ниту една земја не е долго плодна, ниту едно дете, не може да научи што е живот, ни еден уметник не може да создава, ни една работа не може да се развива и преобрази. Осаменоста не е отсуство на љубов, туку нејзино надополнување.

Таа не е отсуство на друштво, туку момент, во кој нашата душата има слобода, да разговара со нас и да ни помогне, да донесеме одлука за својот живот.

Според тоа, нека бидат благословени тие кои не се плашат од самотијата. Нека не се плашат од сопственото друштво, нека не бараат очајно нешто, со кое би се занимавале и развеселувале или дури на некој да му судат..

Тој што не бил сам не се познава себе. A кој не се познава себе, почнува да се плаши од таа празнина. Во нашата душа се крие огромен свет, кој чека да биде откриен. Таму е, недопрен, силен, моќен, се плашиме да го прифатиме неговото присуство.

Осаменоста открива кои сме и не тера да прифатиме, дека можеме многу повеќе од она на што сме се навикнале. А тоа не плаши. Подобро да не се ризикува толку, велејќи:” Не го направив тоа што требаше бидејќи не ми дозволија “. Полесно е. Сигурно е.

Но, тоа истовремено значи да се откажете од својот живот. Тешко на тие кои велат:” Немав прилика.” Тогаш, секојдневно се повеќе ќе се продлабочува јазот, на сопствените ограничувања и ќе дојде моментот, кога повеќе нема да имате сила да побегнете од неа и  нема да ја пронајдете светлината, која свети над вашите глави.

Благословени се оние кои ќе речат:” Немам храброст!.” Тие знаат дека се виновни. И порано или подоцна ќе најдат сили, да се соочат со самотијата и нејзините тајни.

Паоло Коељо

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: