Некој кој го собира во мојата прегратка

Господе, научи ме да плачам пред непознати. Научи ме да плачам кога ќе посакам. Од жал, радост, восхит. Посебно восхит.

Научиме да ја чувствувам болката. Голема, мала, било каква. Сакам да поминам низ неа, пуштајќи ја. fb_img_1536142458219

Научи ме гласно да викам, дури и кога другите молчат.

Не ми требаат бескрајни можности. Дај ми едноставни, човечки, за побрзо да се изгубат илузиите.

Не ми треба вечен живот. Моето време нека биде ограничено и поради тоа повеќе почитувано.

Молам несовршено да ме сакаат, да не ме ставаат на пијадестал.

Не ми треба небеска големина. Да бидам човек, кој ќе го собере во прегратка.       Не ми треба обожување! Подари ми едноставна љубов. Сега.

Молам за ретките моменти кога со восхит гледам во очите на тие што ги сакам. Молам да бидам беспомошна. Во спротивност, како можам да видам подадена рака?

Научиме да се откажувам. Научи ме да грешам. Научи ме да се сомневам.

Не е важно да биде едноставно. Направи да биде појасно. Дај ми внимателно да слушнам, да почувствувам она што се случува. fb_img_1536250399382

Суптилното нека биде појако. Помогни ми да чекорам со смисла.

Подари ми празнина од која се раѓа се’. Дај ми сила да ја издржам својата нормалност, да престанам да ја барам својата трагедија таму каде што постоиш.

А ако не ти, тогаш барем идејата за тебе, можноста да те барам.

by Аглаја Датешиџе

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: