Не е битно во што гледаш, туку што ќе видиш

Потпирај се на себе. Учи како да се смириш кога ќе се уплашиш.

Откривај што ќе те насмее, опушти се и тоа прави го почесто.

Не очекувај од себе и од другите она што не можат да го дадат.

Биди добронамерен, никако злопамтило и баксуз. 

Сигурно имаш подршка и во своите најмили кои се околу тебе-  и  биди благодарен на љубовта и грижата која ти ја даваат и потруди се, да ги направиш среќни, не се обидувај да ги менуваш во согласност со своите замисли како тие треба да се однесуваат.

 Едноставно ги чуваш!

Уживаш во тоа што го имаш, во животот, кој ти подарил неколку добри луѓе. Се потпираш и на книгите, бидејќи со читањето откриваш дека се’ она што те мачи, радува, те загрижува, те растргнува, не е нова појава, нормлно е нешто да те прогонува или да те прави среќен.

Потпора наоѓаш само ако гледаш, слушаш, читаш, учиш, патуваш, не робуваш на материјалните работи, не се натпреваруваш со другите, ја приметуваш околу себе убавината и добрината, а не маните и тешките околности.

Го користиш времето најдобро што можеш. Не се расправаш со себе и со другите, не се докажуваш, не се натпреваруваш, не тераш правдини, не го објаснуваш своите постапки.

Живееш како можеш и дозволуваш другите да го прават истото.

Се обидуваш да разбереш. Кога ќе почувствуваш дека си доволно силен- се обидуваш да реализираш она што веќе долго и силно посакуваш. Не го правиш во главата најлошото можно сценарио, кое некоја активност може да донесе, не му даваш големо значење, не го сфаќаш светот и себе си пресериозно- само ќе се осмелиш и тоа ќе го направиш.

Па што ќе биде нека биде!

Иако од сите страни се обидуваат да ти покажат колку си како поединец не битен- чувствуваш дека тоа не е вистина.

Битен си!

Затоа и ја туркаш својата приказна, бидејќи сеуште веруваш во неа.

By: Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: