Што ќе пазарувате денес? Среќен ден?

Немој да размислуваш за животот кој е пред тебе, ќе се окупираш само со грижи. Желбата која ја носиш во себе и одлуката да ја спроведеш во дело е најголемата моќ која ја имаш.
Денешниот ден не е време и простор кој го имаш пред себе, тој е чекор кон приближување или одалечување од твојот сон.
Чудо е она што можеш да направиш кога ја превземаш одговорноста за обликување на светот по своја мерка, ама ако го слушаш гласот на твоето срце.
Затвори ја вратата на својот живот за она што поминало, што не води никаде и што во тебе буди негативни чувства, бидејќи таа врата секогаш ќе се обидува да те излаже, но од другата страна таму нема ништо за тебе. 20190223_184048
Не размислувај за целиот живот кој е пред тебе, не е долг колку што мислиш а не е ни толку драматичен колку што се плашиш.
Тоа е една животна приказна која сака да биде раскажана на најдобар можен начин а ќе биде раскажана ако имаш храброст да одиш чекор по чекор и да живееш ден по ден.
Не прифаќај што е помалку од она што можеш.
Ако се погрижиш денешниот ден да ти биде најдобар, секој ден ќе ти биде таков.

by Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: