Ние, најмногу чувствуваме губиток на животната енергија преку умор. Кога немаме сила за ништо, не ни се работи ништо, постои тоа чувство како да сме исцедени.
Знаеме дека губиме енергија, кога напорно работиме, не спиеме доволно, кога сме нервозни, болни.
Во повеќето случаи, не ги приметуваме и другите извори, кои редовно и неповратно ја одземаат нашата сила. Затоа и сеуште се наоѓаат во нас: начинот на размислување, реагирање на стварноста, усвоените навики и односите од детството.
Каде ја губиме животната енергија?
1.Грижа
2. Желбата се’ да се предвиди- подготовка за иднината- наместо да се живее сегашниот момент.
3. Желбата да се држи се’ под контрола.
4. Грижата дека нешто ќе се случи.
5. Обидот истовремено да се имаат на ум многу работи.
6. Недостаток на присуство во она што во моментот се работи
7. Кога работиме она што мораме а не она што сакаме.
8. Самокритика
9. Чувство на протест против постоечката стварност- тоа како се ускладува.
10. Недовршена работа, одложена за подоцна.
11. Жал поради тоа што е направено( но не е), не успеало.
12..Желбата во сегашниот момент детално да се испланира не само тоа што ќе биде, туку и тоа како ќе биде.
13. Кога се лажеме себе си, не познаваме нешто, не си дозволуваме себе си да чувствуваме, се обидуваме да заборавиме.
14. Фокусираност на едно искуство, и тоа да се ‘преживува’ многу пати.
15. Желбата се’ да се направи идеално, веднаш да се предвидат сите можни ризици и грешки.
16. Кога превземаме одговорност за чувствата и одлуките на други луѓе.
17. Кога нешто се плашиме.
Сите овие работи создаваат опиплива тензија. И тоа да се издржи, се троши многу енергија. Енергија, која може да се искористи сосем поинаку- за живот.
Оле Савчук
Leave a Reply