Јас ќе бидам жената која ќе ја сакаш

Ова треба да го знаеш за мене: Ќе те сакам бескрајно.

Јас ќе се грижам за тебе. Но, луд си ако мислиш дека сум жена која ќе седи во тишина до тебе, ќе направи се’ за тебе, ќе собере се’ после тебе и ќе биде твоја мајка.  

Тоа не сум јас.

Јас сум онаа која ќе се рашири по цел кревет, ќе бидам возбудлива, духовита, ќе ти се спротиставам, кога ќе почувствувам, дека кон мене не се однесуваш со почитување… онаа која твојот јорган ќе го украде во ноќта.

Кога светот ќе ми се спротистави, јас ќе возвратам. Ќе се борам и со раце и мускули и срце. Така сум воспитана, така пораснав, така поминував низ моите борби а никој не веруваше дека можам.

Никогаш нема да бидам тип на жена, која може лесно да падне на колена и молчи. Жената која чека маж да ја вози или рака, која ќе и’ помогне да ја премине улицата, гласот кој и’ зборува што да прави, што да биде.

Тоа никогаш нема да бидам јас.

Јас ќе бидам тука за тебе и покрај тебе. Ако бараш жена со трофеи, онаа која седи и само се смешка, онаа која како мајка ќе ти удоволува и ќе ти се поклонува- тоа нема да бидам јас.

Ќе те сакам, ама нема да ги трпам твоите глупости. Ќе бидам искрена, на твоја страна. Тоа е се’ што можам да бидам.

Јас ќе бидам жена која ќе се бори за тебе. Жена со раце кои лечат. Жена која ќе те сака најслатко, најнежно, но ќе се борам како лавица против светот кој сака да ме контролира.  

Јас ќе бидам твоја црвенуша, твоја најјака емоција. Јас ќе бидам твој борец. Јас ќе бидам твој партнер, твојата втора половина, твојот здив.

Јас ќе бидам жената која ќе ја сакаш. А заедно ќе го освоиме овој свет, рамо до рамо, ти и јас.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: