Kога ги разбираш, никогаш не изговорените зборови?

Постојат различни водови на љубов на овој свет, но никогаш не се појавува иста љубов два пати’.  F.Scott Fitzgerald

Никој нема да ве остави, ако знае дека нема да најде некој како вас. Без оглед што е на патот или колку нелогично тоа се чини. Во колку сте биле способни, со својата насмевка да го насликате зајдисонцето во различни бои и да му ја покажете љубовта на партнерот за кој не верувал дека постои, никогаш нема да ве остави.

Љубовта доаѓа и си оди, било да бледее или едноставно умира со тивка смрт. Постојат моменти на страст, но најважно е она поради кое партнерот останува со вас. Тоа е чувство на сигурност, без оглед колку долго барал или колку далеку отишол, никогаш нема да најде некој како вас.

Велат ако сакате да не ве заборават, треба секогаш да бидете тајновити, мистериозни. Не поради самобендисаност или задоволување на нашите чувства, туку поради тоа што партнерот во себе се смешка, додека се прашува што ново ќе приредите.

Партнерот со добро срце, љубезна душа која танцува во ритмот на Земјата под сјајниот месец. Чувствителноста која цвета преку образот која се прелева во бои, додека топлите солзи се тркалаат.20190630_201959[1]

Партнер кој не трпи ничии глупости. Тоа е партнер кој не го исполнува само едно подрајче на желбите- туку речиси сите. Постојат милиони луѓе на овој свет, постојат стотина со кои можеме да делиме поврзаност и привлечност- но постои само една личност која станува незаборавна.

Без оглед колку пати ќе се увери дека ќе одолее, партнерот кој знае дека пронашол нешто, што повеќе нема да најде, никогаш од вас нема да се откаже. Нема да ви сврти грб и да ве пушти да му се лизнете низ прсти како топол летен песок. Нема да ја отфрли вашата магија, ќе ги рашири рацете и силно ќе ве гушне.

Партнерот кој го барате и кој нема да сака да ве пушти ретко доаѓа ‘завиткан’ кaко што вие се надевате дека љубовта ќе дојде. Таа љубов доаѓа наопаку- или можеби eдноставно не сте знаеле како. Може да биде заплеткано или повремено излудувачки, но не толку комплицирано и интригантено, само доволно интересно да биде предизвик за вас. fb_img_1537007206853

Поинаков е кога е со вас- и вие тоа го знаете. Тоа е вистина во оваа врста на партнерство, тој не ги покажува сите свои карти на било кој. Кога ќе се отвори и ви покаже што држи во рацете, тоа е изненадувачки и инспиративно.

Ги сочувал најдобрите делови од себе за вас. Тој создава друг свет во својата фантазија, оној кој не може секој да го разбере, но со вас отвора врата која била затворена.

Маж никогаш нема да ја напушти жената, која знае дека не може никогаш да ја замени. Жена нема да го напушти мажот за кој знае дека никогаш нема да може да го замени. Секој треба нешто друго од партнерот. Љубовта не е еден калуп кој му одговара на сите.

Постојат милион различни јазици и вкусови, бои и големини и сите тие чекаат и уживаат во својата пријатна стварност. Она што е восхитувачки за една личност за другата е занемарливо, она што е за друг премногу за некој е таман.

Затоа, личноста која е незаборавна, поинаква е за секој кој ја маѓепсал со својата стварност. Тој може да биде тивок или можеби ќе се препушти на забавен живот. Може да биде куќен тип или можеби преферира да нарачува храна.

Не е важно кој е туку што претставува. Не е можно да се дефинира. Сакаме да знаеме дека сме освоиле лотарија во љубовта и дека нема никакви дилеми во нас дека не постои никој друг како оној, на кој сме му го дале своето срце. Мажот никогаш нема да се откаже од жена која е љубов што се случува еднаш во животот и обратно.

Не велам дека ќе биде лесно. Големите љубовни приказни не се големи поради тоа колку лесно се случувале работите во нив, туку поради тешкотиите кои нејзините актери ги пребродиле за да може љубовта да функционира.

Искушенијата и неволјите кои се пред нас во колку имаме желба да одиме за она што посакуваме и наградата која следи, ни кажуваат дека без оглед на се’, оваа љубов ќе биде вредна за таа жртва. fb_img_1537597799030

Ништо никогаш не е готово и ако вашиот партнер ве пуштил да си одите, тоа е поради тоа што друг моли за тоа еден ден да најде некој како вас.

Времето открива дури и најскриени бои. Ако оваа вечер заспиете сами, знајте дека не постои ништо што можете да направите да го убедите вашиот партнер во својата вредност или да го научите на магијата која ја создавате.

Партнерот кој во вас гледа, сам ќе ви каже дали тој или таа некогаш ќе најде друга личност како вас во својот живот.

И тогаш ќе знаете дали ќе биде личност која никогаш нема да ве пушти. Единствен партнер кој ви треба во животот е оној кој ќе ви докаже дека тој ве треба вас.

Pozitivan klub

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: