За размислување дај си време, но дејствувај брзо и одлучно

Ставете жаба во сад со вода и почнете да ја загревате. Како температурата се покачува, така жабата почнува да се прилагодува на температурата. Жабата ќе издржи во такви околности, се до оној момент, кога водата речиси ќе зоврие и тогаш таа, ќе се обиде да излезе од садот, бидејќи и’ станува неиздржливо.

Но, жабата не може да излезe, бидејќи целата своја сила ја потроши, прилагодувајќи се на температурата во која се најде. Наскоро, жабата ќе умре. Што ја уби жабата? Размислете за тоа.

Знам дека многу ќе речат, дека зовриента вода ја уби жабата, но не…Жабата ја уби нејзината сопствена одлука, да ја трпи ситуацијата во која се најде- прилагодувајќи се. Жабата ја уби сопствената неспособност, да одлучи кога ќе излезе од садот.

Сите ние треба да се прилагодиме на луѓето и ситуациите кои не опкружуваат, но при тоа мораме да знаеме, кога треба да се прилагодиме, а кога треба да прекинеме.

Едноставно, некогаш мораме да се соочиме со ситуцијата. Ако дозволите луѓето да ве користат психички, емотивно, финансиски, духовно или ментално, тие и понатаму тоа ќе го прават.

Вие одлучете, кога од ‘таму’ ќе излезете!

И имајте на ум…Излегувајте додека имате сила..

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: