Ќе бидеш добро и кога скршен се составуваш

Можеби прво треба да се скршиме, за на крајот да се составиме. Можеби, нашите грешки и ја создаваат нашата судбина – рече Кери Бредшо.
Најлошиот вид на љубов, е кога се надеваме на многу, влeгуваме со голема надеж, вложуваме многу енергија, само да разбереме дека е се’ бескорисно.
Срцето се крши на милион делови, а ние се прашуваме зошто ништо не ни успева. Да, ние често грешиме во љубовта. Ние ги бираме луѓето врз основа на лекциите, кои нашата душа, треба да ги научи.
Не можеме лесно да ги прифатиме промените, не можеме лесно да се смениме, не можеме да го отвориме мозокот и да го поправиме потребното.
Тоа може да се случи само тогаш, кога ќе останеме сами со својата болка.
Можеби тоа и не е баш грешка, колку потреба подобро да се разбереме кои сме, како сакаме, што ни треба во љубовта.
Има и таква љубов, која сакаме да ја вратиме.
Но, тоа не го менува фактот, дека еднаш, таа го скршила нашето срце.
Работата е во тоа што ни е потребна таа голема грешка, која ќе не’ приближи кон љубовта на нашиот живот.
Мораме да се скршиме, за да разбереме, дека сакаме да се составиме повторно.
И често најголемата грешка е таа врска, која не требаше ни да се почнува, или можевме барем порано да излезевме.
Но, тоа не го направивме, не затоа што е тоа наша судбина. Туку поради тоа што без неа никогаш нема да разберевме што е вистинска љубов.
Ние отсекогаш имаме избор да останеме во таква врска или не, а тоа е константна борба на карактерот и идеалот.
И колку да се надеваме, дека овој пат работите ќе се завршат поинаку, тоа не се случува. Бидејќи не е судено.
Нашата грешка треба да се заврши, обично со многу горчина, катастрофално тешко.
Нејзината цел е да не’ скрши до последно делче и да предизвика преиспитување нашата престава за љубов.
Мора да се запрашаме, што тргнало однопаку, што е за нас љубов.
А тоа не се случува преку ноќ,  тоа трае се додека не ја освестиме вистината и не престанеме да се криеме зад неа.
Тоа е состојба, кога знаеме, дека можеме на некој да му ја подариме својата љубов, но исто така можеме и да си одиме со крената глава и со уверување, дека ќе најдеме некој достоинствен.
Бидејќи, љубовта на нашиот живот не’ чека. И кога ќе се сретнеме, тогаш нема да се прашуваме, зошто мораше да поминеме низ толку љубовни страдања.
Таа љубов ќе дојде, кога конечно ќе поверуваме, дека заслужуваме, она што посакуваме. Ќе биде сосем поинаква.
Бидејќи и ние сме го преживеале болниот прекин и сосем поинаку кон неа ќе се однесуваме.
Ќе бараме мир и спокој а не страст и оган. Нема да му даваме важност на надворешноста, туку ќе внимаваме на енергијата со која човекот влегува во нашиот живот.
Пополека ќе почнеме да сфаќаме, дека е неважно кој е тој човек, туку е важно каков човек, тој некој, буди во нас. Не’ прави подобри. Секогаш не’ инспирира.
И конечно сфаќаме дека, најголемата грешка во нашиот живот, станува ѕвездата која не’ води кон најголемата љубов на нашиот живот.
by Рита

One thought on “Ќе бидеш добро и кога скршен се составуваш

Add yours

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: