Ни една шанса која ќе ни се укаже не е поголема од нас самите

Секогаш кога свесно ќе пропуштиме добра прилика, покажуваме дека не сме сигурни дали сме достојни. Не веруваме во себе.
Секогаш кога ви се чини, дека некој е на позиција која по никој основ не му припаѓа, сетете се дека тој истиот се уверил себе си дека тоа го може и ете го.
Тој ви се смее вас и на приликата која ја зграбил.
Ни една шанса која ќе ни се укаже не е поголема од нас самите. Ние сме тие кои ја одредуваат големината, споредувајќи се со неа.
Ние сме тие кои се откажуваме поради недостаток на љубов и доверба во себе.
Добра вест е дека приликите никогаш, ама баш никогаш, не се откажуваат од нас. Наново и наново ќе се појавуваат, ќе се враќааат, ќе го менуваат обликот или името, но, секогаш ќе бидат тука. Најдобрата вест е дека нас ни ги пушта Оној кој никогаш не се откажува од нас, како родител што не се откажува од своите деца, колку и да паѓаат додека да научат да одат.
Пуштена рака има насекаде. Ние понекогаш не ја прифаќаме.
Или ‘скитаме’ или ‘спиеме’.
Можеби е вистинскиот момент да се разбудиме и да ја прифатиме раката. Не е тешко да се прифати помош. Тешко е и вистинска штета да се остане на колена ако веќе имаме моќ да трчаме.

Бранкица Дамјановик

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: