Секоја грижа ќе ти го донесе она за што размислуваш

Сите ние делуваме со бесконечна моќ. Сите го живееме животот по исти закони. Природните закони на Свемирот, кои се многу прецизни. Каде и да се наоѓате, во Индија, Австралија, Балкан, Америка сите имаме подеднаква моќ. Со еден закон. Тоа е законот за привлекување.

Се’ што ви се случува во животот и се’ што предходно ви се случило вие го привлекувате во својот живот. Тоа го правите со силата на сликата која ја создавате во својот ум. Тоа е токму она за кое размислувате. Привлекувате се’ она за што размислувате.

За да го разберете законот за привлекување потребно е да го разберете и законот за вибрации. Тој вели дека СЕ’ вибрира. Се’ што е создадено почнувајќи од атом до највисок облакодер е во константна состојба на вибрирање.

Она што изгледа цврсто- не е. Дури и бетонот, стаклото и челикот е енергија во постојана вибрација. Ние живееме во океанот на вибрирање.

Вие поседувате моќ одвнатре која е многу помоќна од било која околност или ситуација околу вас- имате слободна волја да одберете што ќе мислите. Тоа се мисли кои се заслужни за насочување на силата во она што ќе одберете во животот.

Но, една работа е важно да се разбере.. Несвесно привлекување и свесно привлекување.

За што и да размислувате, без оглед дали е добро или лошо-  вие го привлекувате во својот живот. Не е важно дали тоа го сакате или не-  бидејќи вие мислите и за она што не сакате да привлечете во својот живот. Несвесното привлекување се случува кога ќе допуштите мислите неконтролирано да доаѓаат. fb_img_15389778072081

Се грижите како да се извлечете од долгот- и ќе привлечете уште долгови. Се грижите како стареете- и ќе ги почувствувате симптомите во стварноста. Се грижите дали тој или таа ве сака- привлекувате несигурност во таа врска. Секоја грижа во Вашиот живот внесува она за што размислувате.

Грижете се и ќе се каете! Ова би можело да звучи стравично. Идејата дека со секое несвесно размислување во својот живот сте привлекле она за што сте размислувале.

Но, не грижете се. Постои решение. Секоја среќна, весела мисла, исто така во Вашиот живот носи и позитивни работи за кои размислувате. А сега доаѓа најдобриот дел. Постои единствена формула која сакаме да ја разберете.

МИСЛА+ЕМОЦИЈА= ПРИВЛЕКУВАЊЕ

Оваа формула значи дека вашите мисли, зголемени со вашите емоции врзани за тие мисли, ќе резултираат со работи кои ги привлекувате во својот живот. Емоциите се моќни. Само размислувајќи за некоја цел со која сте делумно воодушевени нема да ви помогне да ја манифестирате таа цел во кратко време. Но, ако размислувате за некоја цел која навистина ве возбудува и поради која би плачеле од среќа да се оствари- е, тогаш му давате сила на Вашите мисли и всушност му помагате на Законот на привлекување.

Вака оди тоа… Ако вашите мисли се автомобил кој се движи кон вашата цел- тогаш вашите емоции се горивото кое го придвижува тоа возило. Значи, добрата вест е дека вашите позитивни мисли, бидејќи тоа ве возбудува повеќе и имате повеќе емоции врзани за тие мисли- многу по силни отколку Вашите негативни мисли.fb_img_1538906867989

Полесно е да се привлече нешто добро, отколку нешто лошо. Прифатете ја одговорноста за тоа каде се наоѓате денес…или ќе бидете немоќни да се промените.

Размислете за ова: Ако е законот за привлекување така едноставен, зошто нема повеќе луѓе кои се богати или задоволни од нивните животи?

Па, повеќето луѓе не превземаат одговорност за состојбата во кое моментално се наоѓаат. Тие искрено веруваат дека причината за моменталната состојба во која се наоѓаат е надвор од нив самите.Дека тоа е поради условите и околностите над кои тие немаат никаква контрола.

Повеќето луѓе не се упатени во законот: Во својот живот привлекувате она што е во хармонична вибрација со Вас. Клучот за совладување на Законот на привлекување е во тоа што треба да сфатите дека Вие сте одговорни за се’ што ви се случува во животот.

ЗА СЕ’.

Во одреден момент- свесно или несвесни, Вие во својот живот сте привлекле секоја личност, секоја работа, секоја идеја, секоја болест, секоја радост и секоја и дури најмалата болка во Вашиот живот. Еднаш кога ќе сфатите дека Вие сте творец на Вашата стварност, ќе видите дека поседувате моќ да смените таа стварност во се’ што ќе посакате. Моќта во потполност ви припаѓа вам.

извор: Atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: