Биди јака- кога сите мислат дека си скршена

Ползи, додека не застанеш на нозе, оди додека не почнеш да трчаш, трчај се’ додека не полеташ.

Биди јака, кога луѓето си одат. Немој да се изгубиш себе си додека другите те губат. Пронајди ја убавината на својот живот, откри го во себе она што другите не го гледаат, најди во себе сила, бидејќи кога ќе ја најдеш, тогаш никој не може да ти ја земе.

Биди јака, кога цел свет е против тебе. Застани директно пред олујата, дури и ако ветерот те руши од нозе. Нормално е да се падне, да се доживее удар, но не е нормално да се остане на тлото, не е нормално да се остане скршен, не е нормално да му се дозволи на светот да те направи слаба. Светот всушност сака да те направи појака, проверувајќи колку можеш да издржиш.

Биди јака, кога не можеш ни да станеш од кревет. Кога колената треперат, кога на срцето му е тешко- ползи. Почни од негде. Стани од креветот. Разбуди се, бидејќи е тоа твој живот и твоја борба. Тоа е борбата со она што не можеш да го контролираш.

Биди јака, бидејќи твојата сила, тоа е твојот штит. Твојата сила е твојот водич. Твојата сила е твоја светлина.

Биди јака, така нема да им дозволиш на луѓето да те скршат.

Биди јака, бидејќи си појака од твоите искуства, од твоите проблеми, од твојата болка.

Биди јака, бидејќи си борец, борците не победуваат секогаш, но никогаш не престануваат да се борат, да се обидуваат и никогаш не се предаваат.

Биди јака, бидејќи еден ден, луѓето во тебе ќе гледаат инспирација- ‘Онаа која се бореше и победи!’

Биди јака, бидејќи твојата сила ги прави другите луѓе јаки.

by: Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: