Будала си останува будала

Можете да се обидувате да ја научите на памет..Можете да ја едуцирате. Можете да се обидете да го посеете семето на мудроста, но џабе..

Џабе целиот труд, сите прилики кои и’ ги давате..Будалата слепо се држи до своето. Можете на будалата да му покажете разбирање, љубов, сочувство…Се’ е тоа за џабе.. Тој не разбира..Не гледа што добива, а што губи..

Можете на будалата да му зборувате да не биде себичен тврдоглаво и дека ‘понекогаш’, добрината се возвраќа… Но, будалите се тврдоглави магариња…

Мислат дека се многу паметни, дека се’ најдобро знаат, ја испиле сета мудрост на овој свет…А животот ги демантира..И се’ е џабе!

Будалата си тера по свое.

Човек  со многу мала животна мудрост, знае дека не знае се’ и дека човекот учи додека е жив. Човек со малку мудрости не ги повторува, повторно и повторно истите грешки.

Будалата ќе оди по истиот пат и секогаш ќе се сопне на истиот камен. Будалата упорно ќе продолжи да ги користи истите проѕирни глупави методи…

Будалата ако го чукнете по рамена- го освојувате. Годините на искуство и лошото патување, ништо не го научиле.. Тие упорно одат по патот каде што е линијата на помал отпор.. Што помалку труд, што помалку одговорност, што помалку вложувања, што помалку ризик.

Будалите не знаат да се разбудат со чувство на благодарност и милост. Тие не мислат на други и нивните чувства..Тие мислат само на својот интерес..Не разбираат дека мислејќи само на својот интерес – губат.

Тие ги губат луѓето кои можат да им го разубават животот. Будалите мислат дека можат до недоглед да манипулираат со луѓето и нивните чувства…Луѓето не се слепи, будали мои… Како не разбирате?

Луѓето гледаат се’ и ве пуштаат.. Ви даваат шанса да се смените, да разберете. Потоа гледаат до каде, до кога така?

И тогаш и на добриот човек му пука филмот..Му паѓа мрак на очите од вашиот безобразлук. И тогаш добриот човек вели: Е сега е Доста!

Зоја

One thought on “Будала си останува будала

Add yours

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: