Вербата е семе на сите чуда

Вербата не може да се глуми, ниту да се копира. Таа е состојба на чисто срце и чиста душа. Колку ќе успеете да бидете во состојба на искрена верба во нешто, толку од тоа и ќе добиете.
Времето во кое живееме бара се’ повеќе верба и доверба, а се’ помалку докази, бидејќи фокусот се префрлува на нематеријалниот свет.
Како да се има верба?
Кога некој ќе ви каже дека треба да верувате во себе, во ова или во она, често ќе се запрашате добро, но, како? Како да се верува? Што тоа всушност значи?
Во материјалниот свет, постојат јасни правила и патокази, кои во главно ги измислил човекот, кој не е ни совршен, ни најпаметен.
Затоа на многу прашања, кои не’ мачат токму во материјалниот свет, не ги наоѓаме вистинските одговори, туку до нив се обидуваме да дојдеме низ нематеријалната сфера.
Како оди времето понатаму, станува се’ по јака и се’ по важна. Тоа е затоа што целиот Свемир, заедно со нашата планета, се’ повеќе се врти и насочува, кон нов фокус- префрлање на вниманието од материјалниот свет на нематеријалниот.
Токму е тоа подрачјето, во кое технологијата на материјалниот свет повеќе не функционира, па луѓето се заситени, со материјални паметувања од типот на проверка и доказ, сите се вртат кон оној неопиплив свет, барајќи ја во него вистина.
За некои е тоа верата, но во суштина на ова ниво, разни докази од материјалниот свет не функционираат.
Потребна е доверба и потпора. Исто така, никој не ви гарантира дека некои работи ќе се случат онака како што во материјалниот свет би било предвидливо. Напротив, потребно е многу повеќе да се верува.
Верувањето би можело да се опише како надеж, дека нешто ќе се развие во правец, во кој ние посакуваме или кој е најдобар за нас. Тоа е некоја надеж која од нас бара пред се позитивност, одговорност и сериозен став.
Тоа значи, ако во нешто не веруваш, дека сигурно нема да го исмејуваш и дека, ќе немаш никаква резерва околу тоа.
Кој и да верува во нешто, верува без оглед на препреките, лошите околности, исмејување на околината или без оглед на се’, што таа верба може да ја угаси.
Токму тоа е критериумот за силата на нечија верба.
Да се потсетиме на многу примери, како верата и верувањето во нешто, некој го спасила, отворила нова врата или извлекла некого од невозможна ситуација.
За Силата на вербата нема дискусија, како и нејзините можности кои немаат граница.
Вербата не мора нужно да биде поврзана со некоја религија. Многу пати е речено, дека треба да се верува во себе и своите способности.
Но, да се прими резултатот на вербата и верувањете, може само оној кој навистина верува и кој е искрен.
Колку сте успешни да ја одржувате состојбата на искрено верување во нешто, толку од тоа ќе добивате. Искреност, чистина, добри намери, позитивност, доследност, сериозност во она што веруваме и уште повеќе цврстина. А тоа е, кога ќе се најдеме во искушение, да не попуштаме, туку да останеме доследни, на она во што веруваме, без оглед на се’- одиме понатаму.
Се’ е то суштината на верувањето во нешто. Тие кои веруваат, за нив нема граници.
Вербата е семе на сите чуда.
извор: ehoroskop.net
 

Leave a Reply

Up ↑

%d