Кога ќе пронајдеш некој, кој ќе успее да те насмее, а светот ти се руши…

Кога две души ќе се заљубат, не постои ништо освен копнежот кој ги зближува. Присуството се чувствува преку држење за рака, слушање на гласот и насмевка на поглед. Дури и преку едноставен допир.

Душите немаат календар или часовник, ниту разбираат за поимот време и простор. Она што знаат е чувството, дека е тоа она вистинското кога се заедно.

Тоа е причината зошто некој ви недостасува толку многу, кога не е покрај вас. Вашата душа го чувствува неговото отсуство..не разбира дека одвоеноста е привремена.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: