Игнор- најдобра стратегија за сплеткарошите

Кога се нападнати, посебно од блиски личности, повеќето од нас тежат кон повлекување и изолација.Тоа и го сакаат-  да се изолирате и да се повлечете, како вие да сте виновни и  да им олеснете при нивното ‘земање под свое’ и на остатокот од вашето опкружување.

‘Ако луѓето сакаат да те срушат, тоа значи дека си над нив’- вели стара изрека. Во денешниот свет, кога сите трчаат по успех, слава и моќ, моралот и правдата пополека исчезнуваат, фер- играта станува мисловна именка, а газење преку сите до целта- потреба.

Суетата е дел од сечии работен ден, завист и љубомора, на многу од нив му пишува на челото. Неправдата поминува неказнето, а оние искрените и добри луѓе не знаат што да прават.

Кога во таа игра, со својата работа, труд и на чесен начин ќе ги престигнете оние амбициозни и во главно без покритие самоуверени, тие ќе почувствуваат желба за освета. Ќе почнат да сплеткарат и ќе се обидат, со оговарање да ве спуштат на свое ниво, провоцирајќи ве со двосмислени изјави.

Во колку ова ви се случи, морате да знаете едно- игнорирањето е мајка на сите освети. Кога е игнориран, човек се прашува зошто. Уште ако оваа повратна реакција ја предизвикал со лоша намера, тоа нема да му даде мир. Ќе се прашува што мислите, што ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте направиле ова или она, дали се откриени нивните намери.. Поради сето тоа, на крајот потполно ќе се изгубат и се’ ќе им се врати како бумеранг.

Осветата не е вистинскиот пат. Таа е како шума- лесно е да се изгуби правецот, да се залута и да се заборави од каде си тргнал. Една стара изрека вели:’ Се’ што е потребно за триумф над злото е кога добар човек нема да направи ништо’.

Тоа се однесува на изостанок на реакција на туѓа пакост. Кога на нив воопшто не реагирате, туку се правите дека не се случиле или дека тие личности не постојат, случката и пакосните луѓе всушност немаат никакво влијание на ништо. Сфаќајќи дека се’ што направиле е залудно а да биде уште полошо, не знаат ни што знаете ни што мислите а тоа ги излудува, им го мати разумот и спречува да успеат во подлата намера.

И тоа е причина зошто, уште еднаш да подвлечеме- игнорирањето е мајка на сите освети.

Интелегентните луѓе ја користат осветата како оружје за свој просперитет, но тоа нема врска со туѓите животи и сплетки. Ти се осветуваат на следниов начин:

1. Не дозволете емоциите да управуваат со вашите постапки и дека осветата е приватна работа. Тоа ќе направи, подоцна да се чувствувате лошо и затоа работете она во што сте најдобри, без свртување, оговарање и вишок разговори со оние кои тоа не го задлужиле.

2. На оние кои сплектарат не треба да им се попушта, да им се угаѓа само поради мир и привидна хармонија во опкружувањето. Напротив- мудрите луѓе со двосмислени изјави даваат до знаење дека се свесни каква е таа личност, само да им докажат дека не се слепи и дека тоа нема да може да се повтори а да нема последици.

3.Кога се нападнати, посебно од блиски личности, повеќето луѓе тежат кон повлекување и изолација. Тоа злобниците и сакаат- да се изолираат и да се повлечете како да сте вие виновни и успат да им олеснете да го земат под свое и остатокот од вашето опкружување.

4.За да ја избегнете етикетата: ‘Нападот е најдобра одбрана’, пуштете некои работи да мируваат. Ако се изнервирате и во бес го возвраќате нападот, ги откривате своите слабости и така го храните оној на кој тоа му е цел.

5. Ништо повеќе нема да повреди пакосен човек од туѓата среќа.Тоа е уште еден во низата причини зошто интелегентните луѓе стануваат уште поуспешни тогаш кога некој се обидува да ги повлече на дното. Најлошо што можете да направите е да возвратите со иста мерка. Во тој случај ништо не сте подобри од оној кој ви прави зло а како што рече некој: ‘Злото со зло да се исправи не може’.

Извор: Курир

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: