Едно истражување при универзитетот во Минесота покажало дека луѓето кои не чуваат мачка имаат 30 до 40% поголем ризик од појава на кардиоваскуларни болести отколку луѓето кои чуваат мачка.
Доколку некој Ви побара да наброите сè што позитивно делува на Вашето здравје, сигурно не би Ви паднало на памет да кажете мачка. Но, истражувањата покажуваат дека чувањето на овие крзнени пријателчиња има многу предности, па дури и кога е здравјето во прашање.
Имено, едно истражување при универзитетот во Минесота покажало дека луѓето кои чуваат мачка имаат 30 до 40% помал ризик од појава на кардиоваскуларни болести отколку останатите. Истата студија не покажала таков резултат кога се во прашање сопствениците на куче.
Само 15 до 30 минути квалитетно поминато време со мачката докажано го намалува стресот и го подобрува расположението!
Ова е научно докажано бидејќи преку дружбата со мачка се зголемува лачењето на серотонин и допамин – хормони кои го намалуваат стресот и ја стабилизираат работата на имунолошкиот систем.
Покрај тоа што го намалува ризикот од инфаркт, живеењето со мачка го подобрува и лачењето на окситоцин во мозокот, хормон кој е значаен за организмот бидејќи предизвикува задоволство и среќа.
Leave a Reply