Ти ја имаш мојата безусловна љубов

Знај дека мене не ми треба моето тело, за да имам со што да те сакам, ниту ми треба твоето, за да ja дадам мојата љубов за тебе.

Знам многу добро дека само во таа точка во која нашите души се исплеткани е точка на пресек, точкат на вриење и точка на топење.

Тоа е точката од каде се мери моето време, како Среќа, а не како час, два, три…

Ако некогаш се задумаш во овие наши земски животи како се ‘фаќаш’ во сомнеж, можеби во една нано- секунда дека не те љубам-  јас, верувај нема да се уплашам, бидејќи кога ќе ме нема, ќе ти се каже самото од себе, ќе почувствуваш во сите годишни времиња, дека и без моето тело, ти сепак ја имаш мојата безусловна љубов.

Во оваа димензија, во овој микрокосмос, со тебе, за мене е вечнo танго.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: