Мојата љубов- Велосипед

 

Најпозитивната страна во транспортот во последно време кај нас е се поголемата употреба на велосипед на секојдневно ниво. Луѓето почнаа да го користат не само од рекреативни причини, туку и како превозно средство и тоа без разлика на временските услови. На кратко, еве кои се позитивните придобивки од тоа:fb_img_1538916292762

Ја зголемува енергијата

Ако се борите со замор и безволност, возењето велосипед ќе го зголеми нивото на енергија дури за 20 проценти, а ќе го намали заморот за 60. Ова е од причина што се лачи поголемо количество на домапин.

Помага во дефиниција на мускулатурата

Во фитнес салите сигурно како дел од процесот на загревање користите статичен велосипед. Ако е така, тогаш земете го домашниот велосипед и надвор на отворено почнете да вртите со педалите. На тој начин ги активирате мускулите на потколеницата, предната и задната страна на надколеницата како и мускулите на бутовите и задникот. Нема да останат неактивни ниту мускулите на стомакот и долниот дел од телото. Активни се и мускулите на рацете.

Работата на мозокот е подобрена

Работата на хипоталмусот се подобрува со секое вртење на педалите. Како што знаеме, овој дел од мозокот е одговорен за меморијата.fb_img_1535975805940

Помага при варењето

Денешното темпо на живот влијае и на процесот на варење кој заради тоа е отежнат. Возењето ја подобрува работата на дигестивниот систем и вие се чувствувате многу полесно.

И на крајот, ако не повеќе вие придонесувате кон подобрување на животната средина со тоа што возите велосипед. Брзината на пристигнување ја одредувате вие оти нема попатни станици и чекање на истите. Што е најважно, ќе бидете насмеани.

извор: hybread

Leave a Reply

Up ↑

%d